Три различни архитектонски приказни, три различни изрази и три нови начини да се замисли современиот дом
Кога архитектурата се гради со визија, домот престанува да биде само адреса.
ELENA LUKA HOME на г-ѓа Елена Лука, сопственичката и генерален директор на ELENA LUKA GROUP, создава станбени простори во кои квалитетот, современата архитектура, функционалноста и препознатливиот дизајн се спојуваат во една поголема идеја, да се создаде начин на живеење кој се препознава уште од првиот поглед.
Овде градбата не завршува со темелите, ниту дизајнот со фасадата. Секој простор е дел од поширока визија во која архитектурата треба да биде современа, материјалите внимателно избрани, деталите прецизно осмислени, а домот создаден да трае и визуелно и функционално.
Токму затоа проектите на ELENA LUKA HOME не се обидуваат само да се вклопат во градот. Тие сакаат да остават свој архитектонски потпис.
А сега доаѓаат три нови проекти кои навистина привлекуваат внимание.
Три различни архитектонски приказни, три различни изрази и три нови начини да се замисли современиот дом.
Но, овие три проекти се многу повеќе од објекти што воодушевуваат со својот изглед.
Тие се замислени како целосни животни простори, со архитектура, комфор, функционалност, современи решенија и чувство за детал кој ја прави разликата.
Затоа што вистинскиот луксуз не е само она што го гледате.
Вистинскиот луксуз е начинот на кој просторот прави да се чувствувате.
И токму тука започнува приказната за трите нови остварувања на ELENA LUKA HOME.
Постојат згради што ја менуваат панорамата на еден град. Но, многу поретки се оние што го менуваат начинот на кој луѓето живеат. Разликата не е во висината, ниту во фасадата или бројот на катови. Таа се крие во архитектурата што го подобрува секојдневието, преку природната светлина, функционалниот простор, чувството на приватност и поврзаноста со околината.
Токму затоа најголемите светски архитекти никогаш не зборувале само за згради. Зборувале за луѓето што живеат во нив.
Данскиот архитект и урбанистv Јан Гел со децении повторува дека прво ги обликуваме градовите, а потоа тие нè обликуваат нас. Неговата филозофија денес претставува темел на современото урбанистичко планирање, архитектурата не треба да биде создадена за автомобилите или за статистиката, туку за човекот. Просторот треба да го поттикнува животот, движењето, дружењето и чувството на припадност.
Истата идеја ја следи и современата архитектура ширум светот. Денес, домот повеќе не е само место каде што се враќаме по работниот ден. Тој е место каде што работиме, ги воспитуваме децата, се одмораме, се дружиме и го живееме најголемиот дел од својот живот. Затоа архитектите сè почесто зборуваат за квалитет на живеење, а сè помалку за квадратни метри.
Во тој контекст треба да се гледаат и FUTURA 3 и FUTURA 4, најновите станбени објекти на ELENA LUKA HOME. кои веќе се пуштени во продажба. Со реализацијата на FUTURA 3-4, комплексот FUTURA станува целосно заокружена целина, репрезент на врвен урбан дизајн, софистицираност и квалитет. Со вкупна површина од 22.472m² , концептот на FUTURA3-4 вклучува 208 станбени единици и 1.313m² деловен простор.
Позициониран на булевар „Борис Трајковски“, во срцето на Општина Кисела Вода, FUTURA Complex не се заснова само на современ изглед, туку на создавање простор кој ќе функционира еднакво добро и денес и по дваесет години.
Во архитектурата постои едно правило што никогаш не излегува од мода, добриот простор не се забележува веднаш. Тој се чувствува секој ден. Во утринските часови кога сончевата светлина природно навлегува во домот. Во чувството на просторност што не ја создава само квадратурата, туку паметната организација на просторот. Во мирот што го носат зелените површини и внимателно планираната околина.
Швајцарскиот архитект Петер Цумтор еднаш рече дека архитектурата не треба постојано да објаснува што е туку дека таа треба да создаде атмосфера што човекот ќе ја почувствува без зборови. Токму атмосферата е она што ги разликува просечните станбени објекти од оние што навистина стануваат дом.
Современите истражувања во архитектурата покажуваат дека природната светлина, погледот кон зеленило, квалитетната вентилација, акустичната удобност и функционалната распределба на просторот директно влијаат врз физичкото и психолошкото здравје на луѓето. Затоа денес најлуксузниот елемент во еден дом повеќе не е мермерната плоча или скапата фасада. Тоа е чувството дека просторот работи за вас.
Не случајно американскиот архитект Луис Кан велел дека сонцето не знаело колку е прекрасно сè додека не паднало врз ѕидот. Со таа мисла сакал да покаже дека светлината не е само технички елемент, туку суштински дел од архитектонското доживување.
Во време кога урбаните средини стануваат сè погусто населени, а секој квадратен метар добива поголема вредност, вистинскиот предизвик не е да се изгради уште една зграда. Предизвик е да се создаде место каде што луѓето ќе сакаат да живеат, а не само да престојуваат.
Токму затоа современата архитектура сè повеќе зборува за благосостојба. За простори што ја намалуваат секојдневната напнатост, овозможуваат природен ритам на животот и создаваат чувство на припадност. Домот станува инвестиција во здравје, мир и квалитетно секојдневие, а не само во недвижност.
FUTURA 3 и FUTURA 4 ја следат токму таа филозофија. Наместо да понудат само современи станови, тие се стремат да создадат средина во која архитектурата ќе биде невидлив сојузник на човекот, преку функционални решенија, современ дизајн, внимателно планирани заеднички простори и естетика што не се води од моменталните трендови, туку од идејата за безвременско живеење.
Добрата архитектура никогаш не завршува со изградбата на една зграда. Таа започнува во моментот кога некој ќе ја отвори вратата од својот нов дом и ќе почувствува дека просторот е создаден токму за него.
Струмица секогаш била инспирација за г-ѓа Елена Лука.
Град на корени, вредности и лична приказна.
Желбата да се реализира посебен, архитектонски препознатлив проект во родниот град постоеше долго време. Денес, таа визија станува реалност.
БЕЛИОТ ЦВЕТ е уникатен, модерен резиденцијален комплекс, создаден со јасна визија да понуди современо домување во мирна и зелена околина, на само 5 минути од центарот на градот.
Проект што ја спојува емоцијата со архитектонската прецизност. Личната инспирација со професионалната изведба. Современиот дизајн со функционалноста и приватноста.
Прецизно осмислени станбени единици. Современ, минималистички архитектонски израз.
Простор, светлина и функционалност.
Проект што ја отсликува визијата на Елена Лукa за својот град. Ова не е само станбен комплекс.
Ова е нова адреса со карактер.

И доаѓаме до третиот проект- DIVINE!
DIVINE во буквален превод значи „божествено“ или „божествен“, а може да упатува и на нешто возвишено, прекрасно и исклучително
Некои објекти едноставно се градат. Други се создаваат со амбиција да останат запаметени. DIVINE е од оние ретки архитектонски луксузни проекти кои уште пред да бидат завршени го привлекуваат вниманието со својата појава, позиција и идеја.
На престижната локација под Водно, ELENA LUKA HOME создава станбен објект кој не претставува само нова адреса за живеење, туку внимателно осмислен концепт на современ луксуз.

На улицата „Томе Арсовски“ бр. 7, непосредно спроти црквата „Св. Петка“, се раѓа DIVINE, проект во кој архитектурата, локацијата, природата и чувството на духовен мир се споени во една исклучително внимателно креирана целина.
Ова е објект кој не се обидува да биде впечатлив со непотребна раскош. Неговата репрезентативност произлегува од пропорцијата, деталот, материјалите, фасадата и архитектонскиот јазик. Од првиот поглед станува јасно дека станува збор за проект со сериозна амбиција, да создаде препознатлив архитектонски белег во градот.

Архитектура со француски шарм и безвременски карактер
DIVINE ја носи естетиката на современата архитектура, но во неа се чувствува нешто многу повеќе од актуелен тренд. Елеганцијата на европската архитектура, дискретниот француски шарм и современата функционалност се преплетуваат во фасада која му дава на објектот уникатна визуелна појава.
Високите прозорци внесуваат благородност и светлина. Карактеристичните сводови создаваат препознатлив ритам. Чистите архитектонски линии внесуваат ред и смиреност, додека внимателно разработената структура на фасадата создава длабочина и динамика.

Сето тоа резултира со објект кој има свој архитектонски идентитет.
Особено значаен е односот со просторот во кој DIVINE е поставен. Неговата непосредна близина до црквата „Св. Петка“ не е занемарена, туку напротив, станува дел од пошироката архитектонска приказна. Одредени елементи и карактеристики суптилно се поврзуваат со духот на сакралниот објект и создаваат визуелна хармонија.
Старото и новото, духовното и современото, архитектурата и природата, овде не се спротивставени. Тие се споени.
Токму затоа DIVINE делува како објект кој природно му припаѓа на своето место.

Локација на која мирот станува привилегија
Во време кога градот станува сè погуст, побучен и подинамичен, луксузот добива ново значење.
Не е доволно само да имате добра адреса. Вистинската вредност е да имате добра адреса која ви овозможува мир.
DIVINE е поставен на повисока позиција под Водно, во средина која носи повеќе зеленило, чувство на простор и чист воздух, а истовремено останува блиску до сите оние содржини што го прават секојдневниот живот практичен.
Маркети, градинки, училишта и урбаните содржини се во непосредна близина, но атмосферата околу домот е значително помирна.
Тоа е една од најголемите вредности на проектот, да бидете блиску до градот, без градот постојано да биде во вашиот дом.
Простор создаден со мисла за живот
Зад впечатливата фасада се наоѓа ентериер кој ја продолжува истата филозофија.
Становите со површина од 85 до 120 квадратни метри се внимателно распоредени за да создадат чувство на просторност, светлина и приватност. Распоредот не е резултат на едноставно делење на квадратурата, туку на размислување за тоа како современото семејство навистина живее.
Дневниот простор е замислен како срце на домот, приватните зони се внимателно одвоени, а природната светлина добива важна улога во креирањето на атмосферата.

Секој стан има потенцијал да стане индивидуален свет, место за семејство, за секојдневие, за гости, за одмор, но и за долгорочно создавање вредност.
Од 85 до 120 квадратни метри не се само бројки. Тоа се внимателно осмислени простори во кои квадратурата добива вистинска функција.
Во проектот се предвидени и гаражни места, додека дворот е интегриран во целокупниот архитектонски концепт. Зелената површина не е само додаток околу објектот, туку продолжение на неговата архитектура, простор кој внесува природа, приватност и дополнително чувство на спокој.

Тука се создава она што денес станува сè поретко, дом со сопствен ритам, свој двор и чувство на изолираност, а сепак во градот.
DIVINE – името што ја објаснува идејата
Самото име не е случајно.
DIVINE во буквален превод значи „божествено“ или „божествен“, а може да упатува и на нешто возвишено, прекрасно и исклучително.
Во случајот со овој проект, значењето добива посебна симболика. Од една страна е непосредната близина на светиот објект, а од друга, идејата дека домот треба да биде повеќе од функционален простор.
Тој треба да биде место каде што човек се чувствува добро.
Место каде што по динамичниот ден доаѓа мирот. Каде што светлината, тишината, зеленилото и архитектурата создаваат чувство на рамнотежа.
Затоа DIVINE не ја продава само идејата за квадратура. Тој продава начин на живот.

Архитектонски потпис на ELENA LUKA HOME
Како и кај останатите проекти на брендот, и DIVINE има амбиција да биде повеќе од станбена зграда. Да биде објект кој ќе се препознава по својата архитектура, квалитет и начинот на кој е вклопен во околината.
Кај ELENA LUKA HOME, секој проект има задача да понуди нешто повеќе од квадратни метри, идентитет, квалитет, естетика и трајна вредност.
DIVINE е токму таков проект.
Репрезентативен без да биде нападен.
Луксузен без непотребен вишок.
Современ, но со почит кон просторот во кој е создаден.
Елегантен, но пред сè, создаден за живот.
На локација каде што градот и Водно се допираат, каде што современата архитектура се среќава со духовниот амбиент на „Св. Петка“, DIVINE создава своја мала зона на мир.
И можеби токму тоа е неговата најголема вредност.
Да имате град пред вас, Водно зад вас и мир околу вас.
DIVINE- душевниот мир е најголемиот луксуз.
Вашата нова адреса е ELENA LUKA HOME
Контакт: ELENA LUKA HOME – Современ и сигурен дом по ваша мерка