
Градејќи препознатлив моден универзум низ висока мода, ready-to-wear и премиум колекции, брендот ELENA LUKA останува доследен на својата филозофија, секоја креација да биде спој на визија, прецизен крој, беспрекорна изработка и силуета што ја слави женственоста.
Токму затоа колекциите на ELENA LUKA не се само сезонски модни приказни, туку внимателно создадени светови во кои луксузот и елеганцијата добиваат ново значење.
Во рамките на колекцијата LA DOLCE ESTATE SS26, која ја слави безгрижноста на медитеранското лето, романтиката на југот и современата женственост, особено се издвојува фустанот Bellavina , креација што изгледа како да е создадена за моменти што остануваат во сеќавање.
Облечен во богата темно винска нијанса, Bellavina плени уште на прв поглед. Неговата раскошна макси силуета се движи со леснотија и грациозност, создавајќи впечаток на постојано движење и флуидност. Воздушната структура му дава чувство на слобода, додека внимателно обликуваниот горен дел ја истакнува фигурата со суптилна сензуалност.
Длабокиот V-израз внесува доза на софистицирана привлечност, а нежно собраниот крој создава природна и елегантна форма која ја следи линијата на телото без да ја ограничува. Особен шарм на креацијата ѝ даваат бисерните ремчиња – префинет детал кој асоцира на медитеранскиот луксуз и на безвременската убавина што никогаш не излегува од мода.
Bellavina e sоздаден е за летни вечери покрај море, за ексклузивни патувања, свечени настани и сите оние моменти кога стилот треба да зборува сам за себе. Неговата лесна конструкција и удобен материјал овозможуваат совршен баланс меѓу комфор и елеганција, нешто што претставува еден од најпрепознатливите потписи на ELENA LUKA.
Во Bellavina живее духот на современата италијанска романса, раскошна, но ненаметлива, впечатлива, но префинета. Тоа е фустан што не ја следи модата, туку создава сопствено расположение. А токму во тоа се крие и магијата на ELENA LUKA, способноста од ткаенина, крој и идеја да создаде приказна што жената не ја носи само на себе, туку ја живее.
Линк до креацијата
Н.Т