
Во модата, летото отсекогаш било повеќе од сезона, всушност тоа е состојба на духот, естетика на леснотијата и момент кога облеката почнува да дише заедно со телото.
Со новата колекција LA DOLCE ESTATE SS26, ELENA LUKA не нуди само облека, туку создава атмосфера, топла, сензуална и суптилно раскошна, како долги медитерански попладниња во кои времето се движи побавно, а стилот станува природно продолжение на жената.
Оваа колекција се движи помеѓу контролираната елеганција и спонтаната мекост. Текстурите се внимателно избрани да ја следат линијата на телото без да ја ограничуваат, додека силуетите се ослободени од тежина, но не и од структура. Природните материјали, пред сè ленот, се трансформираат во архитектонски чисти форми што сепак остануваат флуидни, создавајќи визуелен баланс меѓу дисциплина и движење. Палетата, во нијанси на слонова коска, лимоново жолта, шампањ, песок и длабоки контрастни тонови, функционира како продолжение на светлината, нежна, но присутна.
Во рамките на оваа наративна целина, Carezza се издвојува како еден од најсуптилните, но најпрецизни изрази на колекцијата. Овој дводелен изглед не се наметнува со форма, туку со чувство.
Горниот дел, со својата опуштена А-силуета и длабок, но контролиран V-израз, создава простор околу телото наместо да го дефинира строго. Токму во таа дистанца се раѓа елеганцијата, во начинoт на кој ткаенината се движи, реагира и „милува“ при секој чекор.
Панталоните со широки ногавици ја продолжуваат оваа идеја за слобода, но со јасна вертикала што ја издолжува фигурата и внесува мирна софистицираност. Крем нијансата не е случаен избор, туку визуелен еквивалент на сончева светлина филтрирана низ лен – топла, мека и без агресија. Целиот изглед делува тивко, но сигурно!
Линк до креацијата
Н.Т