Во духот на австриската елеганција и во атмосфера исполнета со уметност и традиција, ЕЛЕНА ЛУКА приреди вистински моден спектакл на културниот настан „Austrian Coffee Morning“, организиран од Амбасадата на Австрија и Macedonia Welcome Center.
Самиот настан послужи како вовед за Виенскиот Бал во Скопје којшто ќе се одржи на 10-ти мај.
Нашиот докажан бренд приреди незаборавен перформанс каде матурантите од гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ со елегантна кореографија на звуците на австриски валц претставија раскошни балски фустани и смокинзи. Вкупно пет момци и пет девојки низ танцот ја доловија магијата на класичната австриска традиција и ја донесоа елеганцијата на баловите пред присутните.
Со овој благороден гест ЕЛЕНА ЛУКА уште една покажува дека е општествено одговорна компанија.
На овој начин нашиот моден бренд им овозможи на младите одблиску да ја почувствуваат магијата на австриската култура и да ги прошират своите културни видици облечени во раскошот на ЕЛЕНА ЛУКА.
По свечениот настан ја прашавме ЕЛЕНА ЛУКА за соработката со австриската амбасада, но и за актуелните проекти на коишто тимот посветено работи
Ова денес беше уште еден прекрасен настан што ЕЛЕНА ЛУКА имаше чест да го обработи. Настан на којшто се промовираше австриската култура во соработка со многу пријатели на австриската амбасада. Честа на ЕЛЕНА ЛУКА е огромна што сме тука денес на покана од амбасадорот Мартин Памер. Овој проект беше вистинска манифестација на културата на австрискиот народ, но и на квалитетот на нашите македонски деца, матурантите од гимназијата Корчагин кои денес беа облечени во свечени тоалети со препознатливиот печат на ЕЛЕНА ЛУКА.
Ова што се случи денес е само најава за Виенскиот бал, на којшто ние сме со години големи поддржувачи. Сепак годинава ќе биде малку поразлично, ќе имаме 30 средношколци облечени во балски тоалети и смокинзи со потпис на нашиот бренд. Со тоа на некој начин правиме едукација за тоа како треба да се изгледа на настани од ваков калибар и како треба да се однесуваме според тој префинет дрес код. Со овој благороден гест сметам дека придонесуваме за културниот развој на младината во Македонија.
Исто така ова ќе биде одлична можност да се испромовира и новата колекција на ЕЛЕНА ЛУКА и да ја носат прекрасни млади луѓе. Ретко имаме настани на кои што можеме да ги промовираме нашите креации, а балот е токму еден од нив. Ние сме модна куќа која што работи повеќе линии. Освен свечениот програм којшто ќе се промовира сега на балот, како couture парчиња коишто ги имаме околу 300 на број, тука се и венчаниците како дел од истата колекција. Сега доаѓаат и матурите и ја работиме и посебната едиција на нарачки, која што секогаш функционира одлично.
Посебно ја најавувам и летната колекција со специјална едиција на чанти, летни обувки и облека за на плажа. Ќе имаме посебни кафтани, наметки, кимона во коишто ќе биде вклучена рачна работа. Колекцијата ќе биде изложена во салоните на ЕЛЕНА ЛУКА низ цела Македонија. Секако работиме и на колекцијата есен/зима, ќе бидеме присутни на модни ревии не само кај нас, туку и надвор. Подготвуваме нови концепции и настап на ЕЛЕНА ЛУКА на странски пазари каде ќе отвориме наши изложбени простории. Почнуваме со уште еден производствен погон, којшто сметам дека ќе биде можност да работиме и со други странски инвеститори. Одиме напред.
Уште една значајна вест е и тоа што ЕЛЕНА ЛУКА пред повеќе од месец дена ја превзеде модната куќа Bella. Односно, ЕЛЕНА ЛУКА ја купи Bella која што всушност се затвори и со тоа правиме нови сериозни чекори напред во целиот процес на креација и производство. Ги превзедовме сите нивни работни обврски, производствениот погон, а нивниот тим на вработени се приклучува на нашиот со што можам да кажам дека имаме една одлична екипа на професионалци. ЕЛЕНА ЛУКА е моден бренд кој што многу вложува во текстил и производство и морам да кажам дека одлично се разбравме со претходните сопственици и од тука ние продолжуваме со уште поуспешна модна приказна. Следува целосно ребрендирање на Bella и секако се надевам на многу успеси понатаму.
Амбасадорот на Австрија Мартин Памер зборуваше за значењето на настанот и соработката со ЕЛЕНА ЛУКА
Целта на овој настан е претставување на австриската култура а организаран е во соработката со Macedonia Welcome Center, организација којшто се грижи за да направи топло добредојде на странци. Овој ден е голема прилика да покажеме кои сме ние, што имаме да понудиме, од храна, до слатки задоволства и изложби и секако можноста да го презентираме балот и балската мода. Голема чест и радост за нас е што ЕЛЕНА ЛУКА преку момците и девојките денес ни покажа дел од балските тоалети и смокинзи заедно со убавата претстава. Ние имаме долгорочна соработка со ЕЛЕНА ЛУКА и ни е многу важно што на Виенскиот бал ќе имаме можност да видиме врвна мода.
Разговаравме и со Вера Мештеровиќ која ќе биде и водителка на Виенскиот бал
Целта и идејата на овој настан беше да се претстави австриската култура. Тука беше и прекрасната група на млади луѓе со одличен перформанс облечени од креативниот тим на ЕЛЕНА ЛУКА. Ова денес беше шанса да покажеме дека иако нашата традиција е фолклорот можеме добро да се покажеме и во стилот на Виенскиот бал и култура.
ЕЛЕНА ЛУКА секогаш одлично одговара на вакви слични предизвици. Дамите секогаш на Виенскиот бал ја одбираат токму неа од причина што се прават и custom made креации според желбите. Денешниот појадок беше еден вовед во балот што ќе се одржи на 10-ти мај. Минатата година исто така имавме една ревија која што одлично се вклопи во целиот настан. Пред балот ќе имаме уште една презентација во австриската резиденција каде повторно ќе видиме перформанс.
Професорката Татјана Алексич исто така ја искажа благодарноста за соработката со ЕЛЕНА ЛУКА
Соработката со ЕЛЕНА ЛУКА почна спонтано со нејзиното гостување во мојата емисија. ЕЛЕНА ЛУКА со нејзината големина и општествена одговорност ги покани матурантите да бидат дел од денешниот настан и претстојниот Виенски бал што е голем чин. Од име на директорката, професорите на гимназијата Корчагин и од име на родителите на матурантите се заблагодарувам на целиот тим . На денешниот настан (отворањето на балот) направивме една мини ревија со музички перформанс на којашто дојдоа до израз фустаните и смокинзите. Нашите ученици ќе се заблагодарат на присутните и секако на ЕЛЕНА ЛУКА за укажаната прилика.
И матурантите беа презадоволни од целата организација
Чувството е прекрасно кога имаш можност да си помеѓу важни луѓе. Ова е голема можност за нас матурантите да се покажеме и да ја претставиме нашата младина. Можам да кажам, од името на сите, дека сме навистина многу среќни и имаме и веќе свои фаворите од мноштвото беспрекорни тоалети на ЕЛЕНА ЛУКА. Ова е одлична можност да си го одбереме тоа што навистина најдобро ни стои од овие креативни решенија.
Austrian coffee morning беше само увертира за Виенскиот бал за којшто модната куќа обезбеди 30 влезници за матуранти од три скопски гимназии Јосип Броз Тито, Раде Јовчевски Корчагин и Никола Карев.
Момците и девојките ќе имаат ретка можност да бидат дел од една долгогодишна традиција и одблизу да ја почувствуваат магијата на балот.
Уште неколку фотографии од Austrian Coffee Morning во продолжение…