„ЕЛЕНА ЛУКА го редефинира македонскиот моден идентитет преку автентичност и смела визија,“ пишува британскиот магазин FAB UK, кој денеска посвети инспиративна статија на празничната колекција на оваа реномирана модна куќа.
Во текстот, магазинот ја истакнува уникатноста на ЕЛЕНА ЛУКА: „Овој бренд ги спојува уметноста и авангардата, создавајќи моден израз што е истовремено современ и безвременски.“
FAB UK ја препознава посветеноста на ЕЛЕНА ЛУКА, нагласувајќи: „Приказната на ЕЛЕНА ЛУКА е резултат на визионерство и истрајност, кои го позиционираа брендот како пионер на македонската модна сцена.“
Понатаму, магазинот додава: „Со редовно создавање на сезонски колекции и иновативни модни решенија, ЕЛЕНА ЛУКА ја потврдува својата позиција како лидер не само во Македонија, туку и на меѓународната модна сцена.“
Со ваквите зборови, FAB UK уште еднаш го афирмира успехот на македонскиот бренд ЕЛЕНА ЛУКА, промовирајќи ја неговата празнична колекција како симбол на врвниот дизајн и креативност.
Линкот од објавата на FAB UK е достапен тука: Elena Luka: Redefining Macedonian Fashion with Authenticity and Avant-Garde Vision
Празничната колекција на ЕЛЕНА ЛУКА е достапна тука: Holiday Season – Elena Luka