Нема ништо што може да направи една комбинација да изгледа поелегантно од „добар горен дел“. Со способноста да ги издигне дури и најосновните фармерки, здолништа и хеланки, вистинскиот горен дел е она што може да ја направи или да ја уништи една комбинација. Тој е и најлесниот начин да се внесат најновите трендови во секојдневниот стил.
А со тоа што 2026 година конечно е тука, нема подобро време од сега да почнеме да размислуваме кои трендови за горни делови навистина вреди да се додадат во вашата облека.
Сите знаеме дека трендовите се минливи, па затоа обратете внимание на оние нешта што лесно се комбинираат, совршено се вклопуваат во вашиот стил и најважно од сè, ќе можат да се носат со години без да изгледаат застарено. За среќа, модните писти за 2026 беа преполни со елегантни трендови за горни делови кои истовремено делуваат безвременски и современо. Ако и вие чувствувате потреба за освежување на облеката со почетокот на новата година, ви ги издвојуваме петте најдобри трендови во кои навистина вреди да се инвестира.
Продолжете да скролувате за да ги откриете петте трендови што ја дефинираат 2026 година.
1. Проѕирни точки
Во точкастите блузи што доминираа минатото лето има нешто природно елегантно. Но за 2026 година, проѕирните материјали ќе бидат во преден план кај овој ретро-инспириран стил. Овој романтичен крој е лесен начин да ги издигнете вашите омилени фармерки и во исто време изгледа и свежо и класично. За да биде попрактичен за носење, преку ден комбинирајте го со поткошулка, а навечер со чипкаст градник.
Карирани капути, кошили и палта со копчиња
Веројатно веќе сте забележале дека карираните дезени од 90-тите повторно се во мода — од мини здолништа до модерни палта и капути. Но модните писти за 2026 година прогласија дека карираните фланелски капути и палта се новиот голем камбек. Дизајнери како Dior, Chanel и нашиот моден бренд ELENA LUKA ги претставија своите верзии инспирирани од дрвосечачкиот стил. Тоа е совршено за да направи едноставно миди здолниште или класични панталони да изгледаат модерно.
3. Предимензионирани детали со панделки
Деталите со панделки можеби на прв поглед делуваат застрашувачки, особено во нивните нагласени варијанти што доминираа на ревиите. Но оваа впечатлива карактеристика е многу полесна за комбинирање отколку што изгледа. Вкоренети во игрива романтика со доза од моќниот стил на 80-тите, тие се идеални за вечерни излегувања со кожени панталони, но подеднакво добро функционираат и преку ден со фармерки или мини здолниште од тексас.
4. Прашливо сина
Во последно време многу се зборува за сината боја — од нежно сини чевли до кобалтни чанти. Но во 2026 година токму прашливо сината ја доминира сцената на горните делови. Таа е убава алтернатива на сивата и одлично се комбинира со неутрални, силни бои и дезени.
5. Обилни реси
Веројатно најдраматичниот тренд во овој избор, дизајнерите од Aje до Ulla Johnson претставија модели со реси што сигурно ќе привлекуваат погледи и ќе ви донесат многу комплименти. На пазарот во моментов има многу смели варијанти, и од високата мода и од комерцијалните брендови. Ако овој стил ви изгледа премногу екстравагантен, одлучете се за неутрални нијанси како црна, кафена или бела.
Н.Т