Есента е совршена за тотал brown look

Со доаѓањето на есента, модната сцена повторно се вљубува во топлите нијанси на кафеавото. Од светли беж тонови до темна чоколадна елеганција – тотал brown look е еден од најпосакуваните трендови на сезоната.

Кафената палета е симбол на топлина, стабилност и природност – токму она што ни треба во есенските денови.

Дизајнерите низ светот ја прифатија оваа нијанса како модерна замена за класичната црна, создавајќи монохроматски комбинации кои едноставно мамат да бидат носени.

Како да го носите total brown look-от? Најважна е играта на текстури. Можете да комбинирате кожни парчиња со волнени палта или свилени кошули со плишани панталони.

Различните материјали ѝ даваат длабочина на комбинацијата и прават секој аутфит да изгледа внимателно стилизиран. Овој тренд е совршен баланс меѓу класика и модерно, а најубавото е што кафените тонови им прилегаат на сите.

Во продолжение неколку добри идеи.

 

 

 

 

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian