FUTURA 3 и FUTURA 4: Архитектура создадена за човекот, а не само за градот

 

Постојат згради што ја менуваат панорамата на еден град. Но, многу поретки се оние што го менуваат начинот на кој луѓето живеат. Разликата не е во висината, ниту во фасадата или бројот на катови. Таа се крие во архитектурата што го подобрува секојдневието, преку природната светлина, функционалниот простор, чувството на приватност и поврзаноста со околината.

Токму затоа најголемите светски архитекти никогаш не зборувале само за згради. Зборувале за луѓето што живеат во нив.

Данскиот архитект и урбанистv Јан Гел со децении повторува дека прво ги обликуваме градовите, а потоа тие нè обликуваат нас. Неговата филозофија денес претставува темел на современото урбанистичко планирање, архитектурата не треба да биде создадена за автомобилите или за статистиката, туку за човекот. Просторот треба да го поттикнува животот, движењето, дружењето и чувството на припадност.

Истата идеја ја следи и современата архитектура ширум светот. Денес, домот повеќе не е само место каде што се враќаме по работниот ден. Тој е место каде што работиме, ги воспитуваме децата, се одмораме, се дружиме и го живееме најголемиот дел од својот живот. Затоа архитектите сè почесто зборуваат за квалитет на живеење, а сè помалку за квадратни метри.

Во тој контекст треба да се гледаат и FUTURA 3 и FUTURA 4, најновите станбени објекти на ELENA LUKA HOME. кои веќе се пуштени во продажба. Нивниот концепт не се заснова само на современ изглед, туку на создавање простор кој ќе функционира еднакво добро и денес и по дваесет години.

Во архитектурата постои едно правило што никогаш не излегува од мода, добриот простор не се забележува веднаш. Тој се чувствува секој ден. Во утринските часови кога сончевата светлина природно навлегува во домот. Во чувството на просторност што не ја создава само квадратурата, туку паметната организација на просторот. Во мирот што го носат зелените површини и внимателно планираната околина.

Швајцарскиот архитект Петер Цумтор еднаш рече дека архитектурата не треба постојано да објаснува што е туку дека таа треба да создаде атмосфера што човекот ќе ја почувствува без зборови. Токму атмосферата е она што ги разликува просечните станбени објекти од оние што навистина стануваат дом.

Современите истражувања во архитектурата покажуваат дека природната светлина, погледот кон зеленило, квалитетната вентилација, акустичната удобност и функционалната распределба на просторот директно влијаат врз физичкото и психолошкото здравје на луѓето. Затоа денес најлуксузниот елемент во еден дом повеќе не е мермерната плоча или скапата фасада. Тоа е чувството дека просторот работи за вас.

Не случајно американскиот архитект Луис Кан велел дека сонцето не знаело колку е прекрасно сè додека не паднало врз ѕидот. Со таа мисла сакал да покаже дека светлината не е само технички елемент, туку суштински дел од архитектонското доживување.

Во време кога урбаните средини стануваат сè погусто населени, а секој квадратен метар добива поголема вредност, вистинскиот предизвик не е да се изгради уште една зграда. Предизвик е да се создаде место каде што луѓето ќе сакаат да живеат, а не само да престојуваат.

Токму затоа современата архитектура сè повеќе зборува за благосостојба. За простори што ја намалуваат секојдневната напнатост, овозможуваат природен ритам на животот и создаваат чувство на припадност. Домот станува инвестиција во здравје, мир и квалитетно секојдневие, а не само во недвижност.

FUTURA 3 и FUTURA 4 ја следат токму таа филозофија. Наместо да понудат само современи станови, тие се стремат да создадат средина во која архитектурата ќе биде невидлив сојузник на човекот, преку функционални решенија, современ дизајн, внимателно планирани заеднички простори и естетика што не се води од моменталните трендови, туку од идејата за безвременско живеење.

Добрата архитектура никогаш не завршува со изградбата на една зграда. Таа започнува во моментот кога некој ќе ја отвори вратата од својот нов дом и ќе почувствува дека просторот е создаден токму за него.

Н.Т