Моден двобој на премиерата на The Odyssey – Зендаја или Ен Хатавеј

Светската премиера на филмот The Odyssey во Лондон донесе вистинска модна магија на црвениот тепих. Иако на настанот присуствуваа бројни познати имиња, најголемо внимание привлекоа Зендаја и Ен Хатавеј, кои се појавија во две сосема различни, но подеднакво впечатливи модни изданија.

Зендаја како модерна грчка божица

Зендаја уште еднаш покажа зошто важи за една од најголемите модни икони на денешницата. За премиерата таа избра спектакуларна haute couture креација на Скијапарели, која само неколку часа претходно беше претставена на модната писта во Париз.

Белата скулптурална креација беше инспирирана од античките грчки статуи.

Корсетот изгледаше како уметничко дело, додека здолништето украсено со сребрени реси и монистра внесуваше динамика и светкав ефект при секое движење.

Ен Хатавеј во романтична сина елеганција

За разлика од драматичниот пристап на Зендаја, Ен Хатавеј се одлучи за нежна и безвременска елеганција.

Актерката пристигна во светлосина тоалета без прерамки, изработена од лесен плисиран материјал што прекрасно паѓаше по силуетата.

Богатите набори и тродимензионалниот цветен детал на деколтето внесоа романтична нота, додека кројот елегантно го истакна нејзиното трудничко стомаче.

Зендаја и Хатавеј понудија две сосема различни модни приказни, но еднакво добри секоја на свој начин. Токму затоа изборот не е воопшто лесен.