На модната недела во Њујорк вчера, Каролина Херера ја отвори престојната сезона со колекција што оддаде почит на корените на бренот, потсетувајќи на гламурот на 1980‑тите, но со современ контекст и феминистичка енергија. Колекцијата „Fall/Winter 2026“ под креативно водство на Wes Gordon беше вистинска визуелна симфонија на женска креативност, сила и стилски рефлекси на светот на уметноста.











Гордон го прошири наследството на Херера која беше присутна на ревијата со интеграција на влијанија од модерната уметничка сцена, ставајќи на пистата не само модели туку и жени‑уметници и креативци, сликарки, фотографки, скулпторки и галеристки, кои прошетаа во клучни парчиња од колекцијата.
Колекцијата ја красат структурирани силуети со чисти линии и скулптурални раменици, богати принтови и украсни детали, со цветни и анимал‑отпечатоци, рачно везени кристали што гледачите ги опишаа како „уметнички додаток што игра со светлината“.
Овој зимски спектар не е само модна колекција, туку ода на женската креативност и ракотворба, каде класичниот дамски стил на Херера добива нова димензија низ призмата на уметност и современ дизајн.
Кристијан Сириано: Суреален сон меѓу дизајнот и имагинацијата
Не заостанувајќи, Сириано ја заврши вчерашната вечер со една од најамбициозните презентации на сезоната. Неговиот Fall/Winter 2026 беше опишан од критичарите како „сурреален моден сон“ инспириран од делата на Салвадор Дали, каде традиционалната вечерна елеганција се спојува со фантастични, речиси сликарски форми.
Кристијан рече дека ја замислил колекцијата како „свет од соништа“, бегство од секојдневието и празнување на убавината, сите тела, сите возрасти и култури.








Клучни белези на колекцијата беа структурирани црни и бели силуети што постепено преминуваат во експлозија од боја, текстура и драматични форми, органза, тантела, пердуви и тантелести слоеви што создаваат динамични, театарски драматични „движења“ на пистата, асиметрични деколтеа, драматични тула ракави, микс на сјајни метални детали и ефекти со сеќуации, кои го реимагинираа класичниот вечерен фустан.
Кулминација на шоуто беше финалната тоалета – волуменозна омбре балон тоалета во длабоки тонови на сино и зелено, што пристигна дури 48 часа пред ревијата поради царински задоцнувања, но која се покажа како визуелно спектакуларен завршен акорд.
Моделот Коко Роша ја носеше оваа креација низ пистата, предизвикувајќи громогласни аплаузи и повторно потврдувајќи го Siriano како мајстор на дизајнот што ги слави разликите и ги прави сите да се чувствуваат убаво и самоуверено.
Н.Т