Гламурот на одржливото живеење

Во ерата кога модерниот човек сè повеќе го цени балансот меѓу убавината, здравјето и природата, трендот “green & chic living” станува новото лице на луксузот.

ELENA LUKA HOME ја претставува најновата инспирација посветена на домови што се и стилски, и одржливи, и безвременски убави.

Blue & White Luxury Living — Ексклузивниот тренд што го освојува светот

Сино-белата палета e eстетика која смирува, прочистува и возвишува. Палетата сино-бело е одамна симбол на чистота, спокој и медитеранска едноставност.

Таа создава атмосфера која внесува светлина и свежина, визуелно го отвора просторот и носи „holiday vibe“ и во градски дом. Комбинирана со природни материјали како дрво, ратан и лен естетиката станува безвременска и кралски елегантна.

За современиот луксуз може да се каже дека е одржлив луксуз. Луксузот денес не се мери само со цена, туку со изборот на природни материјали, енергетски ефикасни решенија, паметно осветлување, долговечен мебел и текстили кои се природни, хипоалергени и рачно создадени.

Ова е токму филозофијата на ELENA LUKA HOME — Fashion & Architecture, каде секој проект е комбинација од естетика и свесен избор на материјали.

Природата како најубав декор

Не е потребен пренатрупан декор. Природата сама ја носи најубавата уметност во домот. Тоа може да биде во форма на свежо сезонско цвеќе, гранки од маслинка или цитрус, рачно дувани стаклени вази и керамика во нијанси на сино и бело.

Овој стил создава топол, свеж и светол дом, идеален и за градски апартман и за луксузен покривен стан.

Моќта на рачната изработка

Како што couture модата има душа, така и ентериерот добива душа преку еден единствен, автентичен предмет – рачната изработка.

Во „blue & white luxury“ стилот, најбарани се ратански столици, мозаични плочки, рачно насликани тапети, текстили од лен, рачно насликан порцелан…

Овие парчиња носат карактер, уникатност и емоција,  а малите промени создаваат голем ефект. Некогаш за трансформација на просторот доволни се само неколку паметни чекори како:

  • промена на тепих во сино-бели линии
  • додавање бели ленени завеси
  • нови навлаки со рачно печатени шари
  • поставување природни дрвени елементи
  • нежен сино-бел порцелански сет на масата

Овие мали интервенции прават драматична разлика — без големи работи, без хаос.

Така, можеме да заклучиме дека еден дом може да биде и луксузен, и зелен, и модерен.

Модерниот празник на стилот се случува таму каде што се спојуваат естетиката, удобноста, природните материјали, смиреноста и функционалноста.

Ова е идеалот на ELENA LUKA HOME – да создаде домови кои не се само убави, туку и пријатни, здрави и одржливи.

Елена Лука

Автор: Елена Лука