Во светот на модата работите се движат малку позабрзано, па така веќе имаме пролетни кампањи од модните куќи. Една од нив е и кампањата на Ив Сан Лоран за пролет 2025 на којашто заштитно лице...
Во светот на модата работите се движат малку позабрзано, па така веќе имаме пролетни кампањи од модните куќи. Една од нив е и кампањата на Ив Сан Лоран за пролет 2025 на којашто заштитно лице е актерката Гвинет Палтроу.
Гвинет не само што е успешна холивудска ѕвезда, таа и е познат бизнис могул. Токму затоа таа совршено се вклопи во модната естетика на брендот.
Палтроу и самата посветува големо внимание на стилот којшто варира од бизнис до кежуал варијанти.
Овој пат за потребата на кампањата актерката носи две култни парчиња од модната куќа - блејзер на риги инспириран од модата во 80-те и секако познатата YSL црна кожна јакна.
Тука е и моделот на очила за сонце којшто постојано се враќа во мода, а најзаслужна за тоа е Хејли Бибер која исто така е заштитно лице на Сан Лоран.
Гвинет во 2011 го стартуваше lifestyle порталот GOOP. Оваа платформа нуди совети за здрав живот и мода, а под истото име се произведуваат голем број парчиња облека и аксесоари за домот.

Фото: Instagram