Време е за плажа и време за парчето облека што го одбележува летото – кафтан.
Секако костимот за капење ја има главната улога, а кога ќе се спои со убав кафтан добивате моден погодок.
За оние кои не знаат кафтаните за прв пат се носеле во Персија, а биле дел и од облеката на султаните.
Како што изминувале вековите намената им се менувала, па така денес кафтанот е елегантната нишка која што го дополнува изгледот на секоја дама.
Најчесто е направен од транспарентни материјали, лесен е за носење и затоа можеме да го поминеме и целиот ден во него кога сме на одмор.
Одлично се сложува со рамни сандали, еспадрили, апостолки, а особено си одговара со шешир.
Освен во шарените комбинации со интересен дезен ги има и во монохроматски изданија и со везови.
Останува само да го одберете вашиот модел и да уживате во топлите летни денови со стил.