Како да се грижиме за кожата во есен

Постудениот воздух, ветерот и пониската влажност можат да ја направат кожата посува, а греењето во затворените простории дополнително да ја намали влагата во воздухот.

Резултатот често го препознаваме како непријатно чувство на затегнатост, суви образи или кожа која изгледа помалку свежо.

Но, и за тоа постои решение.

Не чекајте кожата да стане многу сува

Една од наједноставните промени е да не чекате кожата веќе да почне да се лупи или да пече. Кога времето ќе залади, кремата може да стане поважен дел од секојдневната рутина. Дерматолозите генерално препорачуваат креми или масти наместо лесни лосиони кога кожата е многу сува, бидејќи подобро ја задржуваат влагата.


Крема кога кожата е сè уште влажна

Не мора да чекате лицето целосно да се исуши по миењето. Нежно избришете го и нанесете хидратантен производ додека кожата е сè уште малку влажна. На тој начин полесно се задржува водата во кожата.

Жешкиот туш не е решение

Кога надвор е студено, топлиот туш е примамлив, но премногу жешката вода може дополнително да ја исуши кожата. Подобар избор е кратко туширање со млака вода, а потоа веднаш нанесување крема. Исто така, нема потреба од агресивно триење со пешкир, доволно е кожата нежно да се потапка.


Без многу експерименти

Ако лицето стане суво и чувствително, не е најдобриот момент да се додаваат многу нови производи одеднаш. Производите со мириси и некои поагресивни состојки можат дополнително да ја иритираат сувата кожа. Дерматолозите советуваат нежни производи без мирис, а при изразена сувост да се намали и претераното ексфолирање.

Не го заборавајте заштитниот фактор

Фактот што есента е постудена не значи дека заштитата од сонце веќе не е потребна. Во сончевите денови се препорачува шкрема со заштитен фактор 30. Есенската рутина не треба да значи целосно откажување од SPF.


Како против сувиот воздух во домот

Кога ќе започне греењето, воздухот во домот може да стане посув, што кај некои луѓе дополнително ја влошува сувоста на кожата. Ако забележувате дека кожата ви е најзатегната навечер или наутро, може да помогне и зголемување на влажноста во просторијата, на пример со навлажнувач на воздух.