Како до ефикасно слабеење за неколку недели

Кога станува збор за слабеење многу поважни од диетите се неколку едноставни навики кои, ако се применуваат доследно, можат да донесат видливи резултати за релативно кратко време.

Направете план и почнете веднаш

Една од најчестите грешки е постојаното одложување. „Ќе почнам од понеделник“, „по роденденот“, „следниот месец“ – ваквите изговори најчесто нè држат во место. Не чекајте совршен момент, започнете уште денес.

Создадете калориски дефицит

Без разлика која диета ја следите, слабеењето е невозможно ако внесувате повеќе калории отколку што трошите. Тоа не значи гладување, туку попаметен избор на храна. Затоа зголемете го внесот на зеленчук, протеини и свежа храна.

Внесувајте повеќе протеини

Протеините се едни од најважните сојузници при слабеењето. Тие подолго време создаваат чувство на ситост, а воедно помагаат да се зачува мускулната маса додека се намалуваат килограмите. Засилете го внесот на јајца, пилешко месо, риба, јогурт, урда и мешунки.

Не се потпирајте само на вежбање

Многумина мислат дека неколку тренинзи неделно се доволни. Сепак, експертите нагласуваат дека е важно да бидете активни во текот на целиот ден. Додајте повеќе пешачење, користете скали наместо лифт и обидете се постепено да го зголемувате бројот на дневни чекори.

Вклучете вежби за сила

Освен кардио активности, важни се и вежбите за сила. Мускулите трошат повеќе енергија дури и кога телото мирува, па затоа нивното зајакнување може да помогне во забрзување на метаболизмот. Доволни се и вежби со сопствена тежина ако сте почетник.

Пијте повеќе вода и спијте доволно

Често забораваме дека водата и сонот имаат огромно влијание врз телесната тежина. Доволната хидратација може да помогне во контролирање на апетитот и подобро функционирање на организмот, додека квалитетниот сон му овозможува на телото правилно да се опоравува. Недостатокот од сон често е поврзан со поголем апетит и помала физичка активност.