Изминатиов викенд Доха беше центар на едно од најочекуваните модни случувања во регионот. Се одржа седмото по ред издание на Fashion Trust Arabia наградите, а за седиште на настанот беше одбран Националниот музеј на Катар....
Изминатиов викенд Доха беше центар на едно од најочекуваните модни случувања во регионот. Се одржа седмото по ред издание на Fashion Trust Arabia наградите, а за седиште на настанот беше одбран Националниот музеј на Катар.
Големата награда за животно дело ѝ беше доделена на Миуча Прада, во чест на нејзиното револуционерно влијание врз современата мода, додека престижната Trailblazer награда му припадна на дизајнерот Зухаир Мурад.
Меѓу специјалните гости и поддржувачи на настанот беше жената зад Vogue, Ана Винтур, врвни дизајнери како Даниел Розбери, како и супермоделите Жизел Бундшен и Тајра Бенкс, кои ја заокружија вечерта со своето препознатливо гламурозно присуство.
Во продолжение дел од блескавиот црвен тепих каде доминираа светкави модни решенија и безвременската црна нијанса.


















Автор: Елена Пандевa
← Претходен
