Карирано + есен = полн погодок

Карираните парчиња умеат умешно да се проткајат низ секоја сезона. Сепак некако најмногу и прилегаат на есента. Ова годишно време како да е создадено за овој дезен којшто денес го гледаме речиси во секој дел...

Карираните парчиња умеат умешно да се проткајат низ секоја сезона. Сепак некако најмногу и прилегаат на есента.

Ова годишно време како да е создадено за овој дезен којшто денес го гледаме речиси во секој дел од облеката.

Карирани капути, кошули, панталони, капи, здолништа... само посакајте карирано и може да го имате.

Неговата разноликост и разиграност му дава посебен шмек на секој аутфит. Дури и најмала доза на карирано парче прави разлика.

Есента ни е пред врата, па затоа денес нашиот фото водич го посветуваме токму на неа.