Сопругата на еден од најпознатите тенисери во светот, Јелена Ѓоковиќ, и самата привлекува големо внимание во јавноста. Низ годините таа го менуваше својот моден израз, но остана доследна на едноставноста и ненаметливоста. Во последните неколку години, Јелена сè почесто е во фокусот на медиумите кога ќе се појави на некој свечен настан или во придружба на својот сопруг, Новак Ѓоковиќ.
Јелена и Новак Ѓоковиќ се во брак и имаат две деца. На самиот почеток од кариерата на Новак Ѓоковиќ, Јелена беше верна на едноставни, еднобојни парчиња облека. Во тие години, Јелена најчесто избираше лежерни комбинации, како тексас палто и хеланки или трењерки.
Класичен стил со доза на врвна елеганција
Стилот на облекување на Јелена Ѓоковиќ отсекогаш бил одмерен и воден од правилото „помалку е повеќе“. Таа остана доследна на класичниот моден израз, а за посебни прилики носи долга вечерна тоалета што ја истакна нејзината префинетост. Нејзините безвременски модни изданија секогаш беа забележани.
Сини тонови

Во еден период, сопругата на Новак Ѓоковиќ често носеше облека во сини нијанси. Поради честите појавувања во вакви комбинации, многумина сметаа дека сината боја е една од нејзините омилени.
Разиграни бои
Понекогаш, Јелена знаеше да експериментира со бои и кроеви, па јавноста ја гледаше и во поразиграни изданија — со шарени комбинации и пократки фустани.
Неутрална елеганција
По периодот на поопуштен и разигран стил, таа се насочи кон неутрални тонови како беж, сива, бела и кафена.
Иако ретко се истакнува со скапа гардероба, Јелена Ѓоковиќ своите модни комбинации сака да ги збогати со внимателно одбрани додатоци.
Така, на пример, често носи нараквици чија цена изнесува само неколку евра, но за неа и за сопругот Новак имаат големо сентиментално значење. Од време на време, сепак, се појавува и со модни детали што вредат вистинско мало богатство.

Скапоцен часовник
Своевремено, голема дебата на социјалните мрежи предизвика рачниот часовник што го носи Јелена. Станува збор за модел од познатата швајцарска куќа Audemars Piguet, чија цена се движи околу 50.000 евра.

Женскиот часовник има куќиште и рамка од 18-каратно розово злато, украсени со 32 брусени дијаманти, како и посребрен бројчаник со препознатливиот дезен „Mega Tapisserie“. Јелена ретко се разделува од овој моден додаток и е забележана како го носи и на натпреварите на Новак, но и во приватни прилики.
Н.Т
Класичен стил со доза на врвна елеганција