Кои се трендовите за коса што ќе ја одбележат оваа пролет

Иако снегот може се уште да не изненади, повеќе од јасно е дека пролетта за кратко ќе чукне на врата. Таа секогаш со себе носи промени, ја поврзуваме со будење и испробување на нови нешта.

Косата е одличен пример за тоа. Доаѓањето на пролетта е вистинско време за нова, свежа фризура.

Затоа денес ќе посветиме малку внимание на пролетните трендови за коса.

Судејќи според светски познатите стилисти, оваа пролет акцентот на биде ставен на сјајна, бујна и здрава коса.

Нежни кадрици

Кадриците ќе бидат вистински хит во сезоната што следи. Се што треба е добра нега на косата за да добиете сјајни и мазни прамени коишто лесно ќе се обликуваат.

Класичен боб

Класичниот боб е тренди веќе неколку сезони, а добрата страна кај неа е тоа што лесно се одржува.

Степени

За да добиете добар степен најважен е стилистот. Доколку стилистот си ја знае работата степените можат да биде вистински симбол на убавина и женственост.

Шишки

Да, оваа пролет ќе биде совршена за шишки. Ако досега се двоумевте дали да го направите потегот, сега е вистинското време. Страничните шишки се добри за долгнавесто лице, додека правите стојат на лице со изразени црти.

Темно чоколадна нијанса

Во однос на бои, топлата нијанса на темна чоколада ќе биде една од најпопуларните тонови.

Кренато репче

За љубителите на врзана коса, високото репче ќе биде полн погодок. А за да постигнете подобар ефект одбегнете ја маската за коса.

Фото: Pinterest

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian