Од една страна, јавноста често зборува за „македонска мода“ како за единствен поим, а од друга страна ретко кој навистина се прашува кој ја создава таа мода. Дали стилот што го гледаме на улиците доаѓа...

Од една страна, јавноста често зборува за „македонска мода“ како за единствен поим, а од друга страна ретко кој навистина се прашува кој ја создава таа мода. Дали стилот што го гледаме на улиците доаѓа од домашните дизајнери и модни куќи, од малите бутици кои увезуваат трендови од Турција, Италија и Кина, или пак од глобалните брендови кои преку социјалните мрежи ја обликуваат естетиката на цела една генерација?
Одговорот не е воопшто едноставен, но токму во него се крие една од најголемите дилеми на македонската модна сцена.
Социолозите одамна укажуваат дека модата не е само облека. Францускиот социолог 
Поради тоа, низ годините видовме бројни талентирани имиња кои создадоа одлични колекции, но не успеаја да изградат одржлив бренд.
Причината не е само во дизајнот, туку во способноста брендот со години да инвестира во сопствени колекции, модни спектакли, нови технологии, производствени капацитети и меѓународно позиционирање.
Токму таквиот пристап, кој повеќе наликува на функционирањето на големите европски модни куќи отколку на локален моден бизнис, овозможи брендот да изгради препознатливост и надвор од македонските граници, вклучително и на пазари како Дубаи и Доха.
Се разбира, тука си и неколку модни дизајнери кои се бројат на прсти и кои успеаваат да се справаат со сето ова.
Затоа, кога денес прашуваме кој ја креира македонската мода, најточниот одговор би бил дека моменталните трендови ги диктираат бутиците и глобалните социјални мрежи, но вистинскиот моден идентитет сè уште го создаваат дизајнерите и модните куќи.