Комбинезони – едно парче за многу стилски решенија

Летната сезона едноставно не можеме да ја замислиме без комбинезоните.

Ова парче облека е одличен избор за многу прилики од причина што истовремено е атрактивно, но и практично што значи дека ни заштедува време.

Комбинезоните се многу едноставни и лесни за носење и комбинирање. Кога се во прашање материјалите, памук џинс и лен се секогаш присутни во потесниот избор.

Исто така во однос на дезените и боите покрај еднобојните модели, тука се и оние со риги.

За посвечени пригоди може да одберете комбинезони со карнери, широки ногавици или суптилно деколте во комбинација со елегантни чевли.

Доза инспирација во продолжение.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian