Краватата повторно задолжителен дел од женскиот гардеробер

Гласините за „смртта“ на краватата се неточни ако судиме според уличната мода во Копенхаген. Овој безвременски моден додаток е повторно во центарот на вниманието, кога е женската мода во прашање. Враќањето на краватата како тренд може да се забележи и во пролетно-летната колекција на Saint Laurent за 2025 година, каде што Белa Хадид и останатите модели зачекорија на пистата во моќни костуми, закопчани кошули и секако, елегантни, деловни кравати.

Меѓу оние што го прифатија овој тренд е и уредничката на Vogue Scandinavia, Алисон Шифман, која на првиот ден од модната недела во Копенхаген ја комбинираше краватата на нејзиниот татко со класична бела кошула, темносин џемпер со V-израз, фармерки и бомбер јакна. „Мислам дека изгледа кул. Чувствуваш моќ кога носиш кравата“, вели таа.

Додека некои ја носат краватата како дел од целосен, формален изглед (како што направи Хејли Бибер со својот YSL стајлинг во октомври), други ја комбинираат со кожен тренч или бомбер јакна за посвеж и порелаксиран изглед.

Овој моден додаток може да се носи и преку ден и навечер – модната новинарка Софија Ли, која исто така носеше кравата на нејзиниот татко во Копенхаген, открива дека сака да ја комбинира со бела кошула и црна кравата, над која носи елегантен вечерен фустан.

Најдоброто нешто кај овој тренд е дека не мора да купувате ништо ново – сигурно некој маж во вашиот живот има кравата во задниот дел од плакарот што можете да ја позајмите.

Извор: Vogue.co.uk

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian