
Најпопуларниот бренд кај нас и интернационално- ELENA LUKA, омилен меѓу вљубениците во модата, не престанува да ги става на „слатки маки“, а фустанот што го пронајдовме во најновата понуда е повеќе од добар улов.
Сезоната е во знакот на удобни фустани кои се носат од утро до вечер, а еден прекрасен црн фустан го привлече вниманието на многумина.
ELMYRA е миди фустан на ELENA LUKA со смирена елеганција и јасно дефинирана форма. Високиот врат создава затворена, префинета линија, додека конструкцијата го следи телото без нагласување, оставајќи простор за движење и леснотија.
Проширените ракави додаваат драматичен баланс на чистата силуета, а прецизната линија во половината ја структурира формата без вишок детали. Ткаенината паѓа мазно и стабилно, создавајќи впечаток на контролиран минимализам.
ELMYRA е парче што зборува преку форма и пропорција- тивко, сигурно и со силен визуелен идентитет.
Убаво паѓа и не се гужва претерано, поради што остава впечаток на софистицираност и елеганција.
Меѓутоа, негова предност е и исклучително ласкавата миди должина, додека ракавите му додаваат доза ненаметлива елеганција. Доволно е едноставен за носење на работа, но и доволно шик за, со високи потпетици и мала чанта, да се претвори во вечерен фустан.
А-кројот на долниот дел го прави фустанот исклучително практичен и нослив. Им ласка на повеќето фигури, не допира премногу на колковите и убаво се движи при одење. Во црна нијанса, овој модел одлично се комбинира со розова, беж, бела и сива боја, но и со трендовски акценти како црвена или златна. Затоа лесно се стилизира со различни чевли, чизми, сакоа или мантил.
Линк до фустанот
(PRE-ORDER) Elmyra Black Sculpted Midi Dress – ELENA LUKA
Н.Т