Летото е идеално време да се тргнеме од еднобојните комбинации и да внесеме повеќе живот во гардеробата преку различни дезени. Но, не секој дезен му прилега подеднакво на секого. Токму затоа е важно да знаете што најдобро ја истакнува вашата фигура и како правилно да комбинирате.
Цветен дезен – вечен симбол на летото
Цветните мотиви никогаш не излегуваат од мода во летната сезона. Тие внесуваат романтика, женственост и свежина во секој стајлинг. На пониските жени најчесто им прилегаат поситни цветни мотиви бидејќи не ја „оптоваруваат“ фигурата.
Цветниот дезен најлесно се комбинира со еднобојни парчиња. Ако носите цветно здолниште, одберете едноставен топ во една од боите што се појавуваат во дезенот.
Риги – трик за визуелно обликување на фигурата
Вертикалните риги создаваат впечаток на повисока и послаба фигура, па се одличен избор за жени кои сакаат визуелно да ја издолжат силуетата. Хоризонталните риги, пак, додаваат волумен и можат да бидат одлични за послаби жени кои сакаат да создадат поизбалансиран изглед.

За елегантен летен стајлинг, кошула со тенки риги комбинирајте ја со бели ленени панталони или тексас шорц. Морнарските комбинации во бела и темносина боја секогаш изгледаат софистицирано и скапо.
Апстрактен принт – за оние што сакаат да се издвојат
Апстрактните мотиви изгледаат модерно и малку поавангардно од класичните цветни дезени.
Нивната најголема предност е што не ја нагласуваат фигурата на ист начин како ригите или големите цветови. Токму затоа често им одговараат на различни типови градба. Апстрактните шари во живи бои внесуваат динамика и можат да го направат и наједноставниот крој впечатлив. Кога носите ваков принт, останатите детали нека бидат поумерени.
Без разлика дали ќе се одлучите за романтични цветови, класични риги или впечатливи апстрактни мотиви, најважно е да изберете дезен во кој се чувствувате самоуверено и удобно.