Луксузните имоти на Валентино Гаравани: Живот помеѓу уметност, мода и историја

Валентино Гаравани, еден од највлијателните модни дизајнери на сите времиња, не е познат само по легендарните црвени фустани, туку и по својот исклучителен вкус за архитектура, уметност и ентериер.

Неговите имоти низ Европа се вистински ремек-дела, во кои се спојуваат историјата, луксузот и личната естетика на дизајнерот.

Замокот во Видвил Париз, Франција

Еден од најпознатите и најимпресивни имоти на Валентино е замокот Видвил којшто датира од 17 век. Опкружен со парк од повеќе од 100 хектари, замокот претставува совршен спој на француска класика и висока мода. Ентериерот е исполнет со антиквитети, уметнички дела и богати текстури, внимателно избрани од самиот дизајнер.

Château de Wideville decorВила Ла Вањола – Тоскана, Италија

Ова здание е летната резиденција на Валентино во срцето на Тоскана. Вилата која што датира од 18 век е опкружена со лозја, маслинови дрвја и градини. Просторот зрачи со италијанска елеганција, топлина и спокој, а ентериерот комбинира класичен стил со софистицирани детали.

Вила во Рим, Италија

Оваа вила дизајнерот ја купи во 1972 година и долго време му била главна резиденција во Рим. Таа е позната по богатиот декор и внимателно уреден ентериер полн со флорални мотиви и сложени детали, создадени во соработка со реномирани италијански декоратори.

Фото: Getty