Македонската естрада во солзи: Емотивно збогум за членовите на ДНК

Македонската естрада во длабока тага се простува од членовите на бендот ДНК, кои трагично го загубија животот во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Нивните зборови укажуваат на тоа дека болката која ја чувствуваат е неизмерна, а загубата ненадоместлива…

 

Андреј Ѓорѓиески, пејачот на бендот, кој веќе не е меѓу нас помеѓу своите колеги важи за голем и храбар човек. Според сведоштвата, во моментите на паника, тој се вратил назад во дискотеката за да спасува посетители на концертот кои се обидувале да побегнат од пожарот.

Овој чин на храброст одекна и надвор од Македонија. Британскиот весник „Индепендент“ го опиша како „вистински херој“ велејќи : „Пејачот на хип-хоп групата што настапуваше пред да избие пожарот во кој загинаа повеќе од 50 луѓе, почина како вистински херој, враќајќи се назад во пламенот за да ги спаси своите млади фанови, наместо да мисли на себе.“

Неговите пријатели и колеги со потресни зборови се простуваат од него. Една од најемотивните објави е онаа на Игор Џамбазов во која стои:

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

„Немам зборови. Не можам ниту да говорам, ниту да пишувам. Уште помалку да пеам. Онемев. Ослепев. Оглувев. Оглупавев. Снеможев.

Андрејчук, малкумина има како тебе. Ти беше од таа специјална сорта. Добри луѓе. Посебни луѓе што би се жртвувале секогаш, за секого, и во секоја прилика. Се врати во пламенот, во пеколот, во хаосот. Не затоа што требаше, туку затоа што ти така си научен – прво другите, па потоа ти. Ти беше човек што знаеше како се сака, како се дарува, како се живее и како се умира. И кога ќе се видиме горе, ќе си го завршиме муабетот што го почнавме на новогодишната ноќ, кога заедно настапувавме пред среќната публика. Таа, публиката, никогаш нема да те заборави. Јас уште помалку… Сонувај спокојно…“

Од Андреј и останатите загинати членови на ДНК се простуваат и бројни соработници и пријатели од музичката сцена.

Со потресни зборови се прости и Калиопи: „Андреј… срцево ми се кине на сто парчиња… а душава ПАРАМПАРЧЕ… Твојата милост и убавина не изостанаа ни во последните мигови пред заминеш засекогаш, спасувајќи други животи…“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)


Во оваа трагедија животот го загубија и Филип Стевановски – пијанист, композитор и професор, Ѓорѓи Горгиев – тапанарот на бендот, Александар Коларов – гитаристот, како и Сара Пројковска, вокал и професорка на Факултетот за музичка уметност.

Фотографот Александар Ефремов, кој ги следеше ДНК на нивните настапи, исто така е меѓу загинатите. Фановите се молат за здравјето на Панчо, вториот изведувач на ДНК, кој е хоспитализиран со изгореници на лицето и рацете.

Македонската естрада никогаш нема да ги заборави овие талентирани и уметници и големи личности. Нивните имиња и нивната музика ќе живеат засекогаш во срцата на сите што ги сакаа и почитуваа.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian