МЕГА-ШПИОНАЖА: Како Hermès ги профилира клиентите за да им додели Birkin чанта

Оваа контроверзија ги отвори прашањата до каде може да одат луксузните модни куќи

Ермес се соочува со обвинувања дека ги следи своите клиенти многу подетално отколку што претходно се знаеше, вклучувајќи и тврдења дека купувачите се проценуваат и надвор од нивната историја на трошење пред да им биде понудена чантата Биркин.

Според тужбите и извештаите, некои клиенти тврдат дека брендот следи лични податоци како што се навиките за купување, животниот стил, па дури и домашните адреси, за да процени дали некој се вклопува во сликата на Ермес за ексклузивност.


Моделот Биркин не се продава јавно, а пристапот наводно се контролира преку интерни профили на клиентите, дискреционото право на продавачите и градењето долгорочни односи, наместо преку транспарентна листа на чекање.

Ермес ги негираше неправилностите, но контроверзијата повторно ја разгоре дебатата околу луксузното контролирање на достапноста, праведноста и тоа колку далеку треба да одат брендовите во контролата врз пристапот до нивните најпосакувани производи.

Купувањето на легендарната чанта Birkin на француската модна куќа Hermès одамна престана да биде обична трансакција и се претвори во модерна митологија. Сепак, зад затворените врати на луксузот се одвива процес на строга контрола и детално профилирање што предизвика сериозни правни и етички бранувања.


Истрага за социјалните мрежи, адресите и навиките

Според извештаите на луксузните истражувачки медиуми и новинарските анализи, Hermès не ги оценува купувачите само според парите што ги оставаат во бутиците. Кога клиент ќе изрази желба за Биркин, вработените наводно спроведуваат детални проверки ги пребаруваат нивните домашни адреси на Google за да проценат дали живеат во „доволно престижни“ населби, ги анализираат нивните профили на социјалните мрежи и го проценуваат нивниот стил на облекување и однесување.

Целта на ова профилирање е двојна:

Заштита на брендот: Опсежно се анализира дали купувачот има „агресивен“ или „пренагласен“ стил што не соодветствува со дискретниот луксуз на Hermès.


Спречување препродажба: Се следи дали клиентот е вистински колекционер или препродавач кој планира чантата веднаш да ја пласира на сивиот пазар за двојно поголема сума. Доколку чантата заврши на онлајн аукција, на црна листа може да завршат и купувачот и продавачот што му ја доделил.

Правните битки во САД

Оваа пракса веќе стигна и до судот. Група американски купувачи поднесоа колективна тужба во Калифорнија, обвинувајќи го Hermès за антимонополски дејствија и услови за уценување. Според тужителите, компанијата бара од клиентите претходно да потрошат десетици илјади долари на споредни производи (како свилени марами, накит и мебел) за продавачите условно да ги третираат за „достојни“ да добијат можност да купат Birkin.


Дополнителен контроверзен момент во тужбата е тоа што вработените во бутиците не земаат никаква провизија за продажба на чантата Birkin, но добиваат провизија (околу 3%) за сите останати артикли во продавницата. Ова ги мотивира продавачите максимално да го условуваат пристапот до чантата и да изнудуваат дополнително трошење.

Иако американскиот суд во септември 2025 година ја отфрли федералната тужба со образложение дека екслузивноста сама по себе не претставува кршење на антимонополските закони, случајот повторно влезе во фаза на жалба во 2026 година.


Илузија за елитата или нарушување на приватноста?

Hermès официјално ги демантира обвинувањата за неправилности и негира дека постои формална уцена за купување. Сепак, нивната сопствена политика за приватност потврдува дека собираат и обработуваат податоци за купувачите во рамките на програмите за градење односи со клиенти.

Оваа контроверзија ги отвори прашањата до каде може да одат луксузните модни куќи: дали зад фасадата на „градење односи“ се крие брутално профилирање на личностите, нарушување на приватноста и вештачко креирање на недостижност што ја преоѓа границата на етичкото работење?