Еми наградите: Модна рапсодија на црвениот килим

Она што ги обедини сите беше низата од класични холивудски силуети, но со современи пресврти што ги направија да изгледаат свежо и издигнато

Вечера вечер, Еми наградите за 2026 година беа најголемата и највозбудливата ноќ во светот на телевизијата. Одржна во театарот „Peacock“ во Лос Анџелес (и тоа водена од Маришка Харгитеј), церемонијата на доделување ги прослави најдобрите изведби за оваа година, а црвениот тепих пред тоа беше гламурозен настан кој вредеше да се гледа.

Па, кој се издвои? Секако, дел од водечките номинирани за вечерта беа и меѓу најдобро облечените. Она што ги обедини сите беше низата од класични холивудски силуети, но со современи пресврти што ги направија да изгледаат свежо и издигнато. Да не ги заборавиме и прекрасните и неочекувани бои.


Зендеја ги привлече сите погледи во нејзиниот украсен фустан од Prada, како една од ретките ѕвезди од А-листата која може да изгледа како модна верзија на лустер.


Истото важи и за Селена Гомез во нејзиниот златен фустан од Louis Vuitton, кој потсетуваше на самата Еми статуетка. 


Тука е и Никол Кидман облечена во фустан со реси и голи раменици, стегнат во струкот за дополнителна структура. Дело на Шанел. 


Ел Фанинг во Ralph Lauren Collection, во совршена летна нијанса.


Дакота Фанинг во Carolina Herrera. Панталони под фустан?! Можеби е враќање на трендовите од 2000-тите, но Herrera го направи тоа исклучително елегантно на Фанинг.