„МНОГУ БРЗО ЌЕ ПОЧНЕМЕ СО РАБОТА ВО ГРЦИЈА!“ – ЕЛЕНА ЛУКА СО ГОЛЕМА НАЈАВА ЗА ELENA LUKA HOME НА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈАТА НА REAL EXPO 2026!

Три дена во знакот на архитектурата, инвестициите и иднината на домувањето. Три дена во кои ELENA LUKA HOME го привлече целото внимание со спектакуларен изложбен штанд, впечатлива презентација на своите проекти и голем интерес од посетителите. Но, REAL EXPO 2026 донесе и една особено значајна вест: Елена Лука, сопственик и генерален директор на ELENA LUKA GROUP, најави ново поглавје во развојот на компанијата, проширување на градежните активности на грчкиот пазар.


Од 29 до 31 октомври, арената „Борис Трајковски“ во Скопје беше центар на градежништвото и пазарот на недвижности. На саемот REAL EXPO 2026, компаниите ги претставија своите актуелни проекти, инвестиции и планови за развој, а посетителите имаа можност непосредно да разговараат со инвеститорите и да се информираат за понудата на станбени објекти.

Меѓу највпечатливите презентации беше онаа на ELENA LUKA HOME.

Со монументален изложбен простор, препознатлива златно-црна естетика, големи LED-екрани и внимателно осмислена архитектонска поставеност, компанијата создаде амбиент што го надминуваше класичниот концепт на саемски штанд.


Во текот на трите саемски дена, штандот привлече бројни посетители, од потенцијални купувачи и инвеститори до граѓани кои веќе живеат во објекти изградени од ELENA LUKA HOME.

Особено значајни беа средбите со постојните станари, кои ги споделуваа своите позитивни искуства од живеењето во комплексите на компанијата.

ЕЛЕНА ЛУКА НАЈАВИ ЕКСПАНЗИЈА ВО ГРЦИЈА: „МНОГУ БРЗО ЌЕ ПОЧНЕМЕ СО РАБОТА“

Една од најзначајните пораки од настапот на Елена Лука на REAL EXPO 2026 беше најавата за проширување на компанијата надвор од границите на Македонија.

За време на панел-дискусијата, таа откри дека веќе се направени сериозни анализи на грчкиот пазар и дека компанијата работи на подготовка на новите инвестиции.

„Навистина направив сериозно истражување и ќе влезам да работам таму. Зошто да не?“, истакна Елена Лука, објаснувајќи дека одлуката е резултат на внимателно разгледување на условите за инвестирање.

Таа посочи дека во Грција гледа можности за развој и поинакви урбанистички услови.


„Не мора сите да се концентрираме во Скопје и да се бориме за одобренија за градба, за објекти и за забавени институционални постапки. Градежништвото е една од најделикатните, најспецифичните, најтешките и најскапите гранки што ја движат економијата во државата.“

Особено го нагласи интересот на македонските граѓани за купување недвижности во Грција.

„Забележав дека огромен број Македонци инвестираат капитал и купуваат недвижности во Грција. Мора да го следиме тој тренд и да видиме што се случува на пазарот.“

Потоа ја соопшти и најзначајната вест:

„ELENA LUKA ќе ги најави своите нови проекти во Грција, кои ги подготвуваме, и многу брзо ќе почнеме со работа.“

Со овој чекор, ELENA LUKA HOME отвора нова перспектива за својот развој, со амбиција искуството и препознатливиот пристап кон квалитетната градба да ги пренесе и на меѓународен пазар.


ОД FUTURA ДО „БЕЛИОТ ЦВЕТ“ ВО БЕРОВО – ПРОЕКТИ ШТО ЈА ПРОШИРУВААТ ВИЗИЈАТА

На REAL EXPO 2026, ELENA LUKA HOME ја претстави својата актуелна понуда и развојните планови.

Во фокусот беа станбените комплекси FUTURA 3 и FUTURA 4, кои го продолжуваат развојот на препознатливиот концепт FUTURA, како и проектот DIVINE, во близина на црквата „Св. Петка“.

Посебно внимание привлече и „Белиот Цвет“ во Струмица, проект со 13 објекти и вкупно 52 станбени единици.

Новитет во плановите на ELENA LUKA HOME е и „Белиот Цвет“ во Берово, со 3 станбени ламели, еден станбено- деловен комплекс и вкупно 122 станбени единици, со што компанијата го проширува своето присуство и во овој дел од Македонија.

Од Скопје, преку Струмица, до Берово, а наскоро и во Грција, компанијата продолжува да ја развива својата мрежа на проекти, следејќи ја сопствената визија за квалитетно, функционално и естетски препознатливо домување.

ЕЛЕНА ЛУКА НА ПАНЕЛ-ДИСКУСИЈАТА: „ПОДОБРО ЌЕ ИНВЕСТИРАМ САМА ВО СÈ ШТО ПРИДОНЕСУВА ЗА КВАЛИТЕТНО ДОМУВАЊЕ“

Покрај впечатливото саемско претставување, значајно место во програмата на REAL EXPO 2026 имаше и стручната панел-дискусија на тема „Пазарот на недвижности: цени, инвестиции и нови модели на живеење“, одржана на 29 октомври.


На панелот учествуваа Ивица Јакимовски, генерален директор на „Голден Арт – Скопје“ и претседател на Градежната комора при Сојузот на стопански комори, д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршен директор на „Адора Бизнис Групација“, Елена Лука, генерален директор на ELENA LUKA HOME, и проф. д-р Јосиф Јосифовски, декан на Градежниот факултет во Скопје.

Во разговорот беа отворени прашања за цените на недвижностите, квалитетот на градбата, енергетската ефикасност, урбанистичкото планирање, кредитирањето и иднината на градежниот сектор.

Елена Лука стави особен акцент на човечката димензија на архитектурата и на одговорноста што ја има инвеститорот кон идните станари.


Како пример го издвои комплексот FUTURA, каде што ELENA LUKA HOME инвестира во партерно уредување, фонтана, зеленило и содржини наменети за различни генерации.

„Во комплексот FUTURA создадовме една убава социјална зона, партерно уредување, каде што ќе обезбедиме фонтана и содржини за деца и за повозрасни. Таму живеат луѓе од три генерации, млади брачни парови, повозрасни луѓе и деца.“

Таа нагласи дека за неа квалитетното домување не завршува со изградбата на станот.

„Секогаш мојот став е дека подобро ќе инвестирам сама во сето она што треба да придонесе за квалитетно домување. Треба да размислуваме и за околината околу објектите, за тоа што се случува надвор од влезната врата на станот и во просторот меѓу два објекта.“

Според неа, инвеститорите треба да преземат иницијатива кога постојните урбанистички решенија не обезбедуваат доволно квалитетен простор за живеење.

„Кога нема решение од институциите или поздрава стратегија за уредување на урбаните зони, подобро е сам да инвестираш, да ја развиваш својата приказна и да создадеш квалитетно домување.“

Таа додаде дека купувачите знаат да ја препознаат таквата посветеност.

„Верувајте, нашите клиенти тоа го препознаваат. Ако сакаш хумано да градиш, а не само да продаваш и кратко да постоиш на пазарот, мора да размислуваш за сè што го сочинува квалитетното живеење.“

„МОЖЕ ДА КУПИТЕ ПОЕВТИН КВАДРАТ, А НА КРАЈ ДА ДОБИЕТЕ МНОГУ ПОСКАПО ЖИВЕЕЊЕ“

Едно од важните прашања на панелот се однесуваше на енергетската ефикасност и долгорочната вредност на недвижностите.

Елена Лука истакна дека квалитетната столарија, изолацијата и современите градежни материјали се исклучително важни при изборот на стан.


„Кога клиентите избираат стан, секогаш им порачуваме да обратат внимание на столаријата, висококвалитетните материјали и одличната изолација, кои придонесуваат за заштеда на енергија.“

Но, таа предупреди дека купувачите не треба да се водат исклучиво од почетната цена на квадратниот метар.

„Може да земете многу поевтин квадрат, а на крај, со живеењето, да завршите со многу поскапа градба, затоа што се вградени лоши материјали што можат да ви донесат дополнителни проблеми.“

Според неа, квалитетниот дом мора да ги обедини сигурната конструкција, функционалноста, естетиката и добрата локација.

„Во квалитетен дом спаѓаат и локацијата, квалитетната изведба и одличните материјали. Затоа нашите клиенти обраќаат внимание на сето тоа, а ние ги насочуваме со јасни спецификации за вградените градежни материјали.“

Таа ја нагласи и важноста на долгорочната вредност на имотот.

„Треба да имате квалитетен и здрав објект, со висока естетика и функционалност, но и добра локација, затоа што тоа треба да биде имот кој ќе има вредност и понатаму, кога еден ден ќе сакате да го продадете или повторно да инвестирате.“

„НАШИТЕ СТАНОВИ СЕ РЕЗЕРВИРААТ УШТЕ ВО ФАЗАТА НА ПРОЕКТИРАЊЕ“

Во дискусијата беше отворено и прашањето за големиот број празни станови во Македонија, регистрирани со пописот од 2021 година.

Елена Лука посочи дека е важно да се утврди реалната состојба на тие недвижности, нивната намена и можноста да бидат вклучени во активната понуда на пазарот.

„Ние во моментов не го знаеме статусот на тие станови, во каква состојба се, дали се вселени или празни и каква е нивната намена. Добро би било тој капацитет да дојде во комуникација со оние што бараат станови.“

Од друга страна, таа нагласи дека интересот за квалитетни новоградби останува значителен.


„Мене ми е важно мојата компанија да оди напред и нашите станови да се резервираат уште во фаза на проектирање.“

Таа го истакна и значењето на професионалниот углед на градежните компании, посочувајќи дека долгогодишното искуство и довербата на купувачите се вредности што се создаваат со децении.

„БАНКИТЕ ЗНААТ ДА ПРЕПОЗНААТ КВАЛИТЕТЕН СТАН“

Особено внимание беше посветено и на улогата на банките во финансирањето на станбените инвестиции.

Елена Лука нагласи дека квалитетот на објектот има значење и при банкарската процена на недвижноста, што може да биде важен фактор за купувачите кои користат станбени кредити.

„Многу е важно ние како компании да произведеме квалитетен стан, со вградени стабилни и квалитетни градежни материјали, сè до завршната фаза. Банките знаат одлично да препознаат квалитетен стан и соодветно да ја проценат неговата вредност.“

Таа посочи дека неквалитетната градба може да создаде дополнителни финансиски обврски за купувачите.

„Има станови со недоволен квалитет, поради што идниот купувач мора да заложи друг имот што веќе го поседува и дополнително финансиски се оптоварува.“


Според неа, соработката меѓу инвеститорите и банките е значајна за создавање подобри услови за купување недвижности.

„ELENA LUKA има одлична комуникација и разбирање со банките. Размислуваме не само за квалитетот на становите, туку и за можностите за нивно кредитирање.“

„НЕИЗВЕСНОСТА НЕ МУ ОДГОВАРА НА НИТУ ЕДЕН БИЗНИС“

Една од темите што предизвикаа особен интерес беше движењето на цените на недвижностите.

Елена Лука оцени дека стабилноста е неопходна и за купувачите и за градежните компании.

„Мојата желба е цените да не се зголемуваат. Меѓутоа, желбата е едно, а реалноста е нешто сосема друго.“

Таа посочи дека растот на продажните цени не значи автоматски и поголема заработка за инвеститорите.

„Тоа што нам ни е потребно, како и на секој бизнис, е стабилност. Постојаното зголемување на цените создава неизвесност, а неизвесноста не му одговара на ниту еден бизнис.“

Според неа, во изминатите години градежниот сектор се соочил со сериозни економски предизвици.

„Да се мисли дека инвеститорите продаваат поскапо и затоа заработуваат повеќе е апсурдно, бидејќи влезните параметри се многу повисоки. Изградбата на една недвижност е процес што трае две до три години, а во такви услови е тешко однапред да се предвидат сите трошоци.“


Таа додаде дека постојаните промени на цените на земјиштето, материјалите и услугите го отежнуваат долгорочното планирање.

„Потребно ни е стабилно економско опкружување за да можеме подобро да ги предвидуваме нашите бизнис-стратегии.“

ЧЕТИРИ СТРУЧНИ ПЕРСПЕКТИВИ, ЕДНА ЗАЕДНИЧКА ЦЕЛ- ПОДОБРА ИДНИНА НА ДОМУВАЊЕТО

Панел-дискусијата на REAL EXPO 2026 беше можност на едно место да се сретнат различни искуства и професионални перспективи.

Соговорниците дадоа свој придонес во разговорот за состојбите и предизвиците на пазарот на недвижности.

Претставниците на градежните компании ги отворија прашањата што произлегуваат од практичното работење и инвестирањето, додека присуството на академската заедница даде дополнителна стручна тежина на дискусијата.


Иако секој од учесниците настапи со сопствено искуство и ставови, заедничката насока беше јасна: потребни се квалитетни станбени објекти, подобри урбанистички решенија, стабилен пазар и поголема вредност за граѓаните што инвестираат во својот дом.

ЕЛЕНА ЛУКА - ЛИДЕРСТВО ШТО НЕ ЗАПИРА НА ГРАНИЦИТЕ

Настапот на ELENA LUKA HOME на REAL EXPO 2026 покажа дека компанијата влегува во нова развојна фаза.

Со актуелните проекти FUTURA 3 и 4, DIVINE и „Белиот Цвет“ во Струмица, со најавениот проект во Берово и со подготовките за влез на грчкиот пазар, брендот ја продолжува својата експанзија.

Во центарот на оваа приказна е Елена Лука, жена која со децении гради, инвестира и создава, истовремено развивајќи препознатлив деловен систем во повеќе области.

Нејзиното лидерство во градежништвото претставува впечатлив пример за женско претприемништво во индустрија во која традиционално доминираат мажите.

Со одлучност, сопствени инвестиции и долгорочна визија, таа продолжува да ги проширува границите на својот бизнис, покажувајќи дека македонска компанија може да има амбиција да се позиционира и надвор од домашниот пазар.


Ако REAL EXPO 2026 беше сцена на која ELENA LUKA HOME го претстави она што досега го изградила, тогаш најавата за Грција е поглед кон она што допрва доаѓа.

Од Скопје до Струмица и Берово, а наскоро и преку границата, Елена Лука продолжува да ја гради својата визија. Не само преку нови објекти, туку преку амбицијата да создава простори во кои архитектурата, квалитетот и човечките потреби ќе имаат подеднакво важно место.

Зашто за Елена Лука, градењето не е само професија. Тоа е визија што постојано добива нови димензии.