Андреј Пајмакоски веќе со години работи како интернационален модел, па неговите успеси не остануваат незабележани. Помеѓу последните проекти беше и рекламната летна кампања за шпанскиот бренд Polinesia, каде што заедно со другите модели престојува...
Андреј Пајмакоски веќе со години работи како интернационален модел, па неговите успеси не остануваат незабележани.

Помеѓу последните проекти беше и рекламната летна кампања за шпанскиот бренд Polinesia, каде што заедно со другите модели престојуваа на повеќе егзотични дестинации, меѓу кои и на Кајмаканските Острови.

Пајмакоски го застапува една од најдобрите светски агенции ЕЛИТ, па несомнено е дека го ангажираат за добри брендови и кампањи.

"Светски, професионален и со неговата егзотична убавина, Андреј има што да покаже во интернационалниот моделинг. Ние сме секако горди и благодарни на неговите успеси кои ќе бидат запаметени во поновата модна историја." - велат од неговата матична агенција Моделс ИН Менаџмент.

