Париската модна недела повторно ја потврди својата репутација како најгламурозната станица на модниот календар. По повеќенеделните ревии низ светските модни центри, модниот месец кулминира во Париз, градот каде што модата, уметноста и славата се спојуваат во спектакуларна атмосфера.
На ревиите на најмоќните модни куќи како Chanel, Louis Vuitton, Balenciaga, Saint Laurent, Dior и Miu Miu, првите редови беа исполнети со познати имиња од светот на филмот, музиката и поп-културата.
Париската модна недела секоја сезона привлекува глобална елита, од холивудски актери до музички ѕвезди и инфлуенсери, кои со своето присуство дополнително го збогатуваат секое модно шоу. Токму затоа, секоја појава на славните гости станува моден момент што веднаш го обиколува светот и ги диктира трендовите за следната сезона.
Во Париз, модата не е само презентација на нови колекции, таа е спектакл во кој се спојуваат креативноста на дизајнерите, гламурот на славните личности и енергијата на еден од највлијателните.
Во продолжение погледнете дел од ѕвездите што блеснаа во публиката.



















Фото: Getty