„Можности за инвестирање во Дубаи“, настан во Скопје и отворен пат за освојување на најголемиот пазар на светот

Во хотелот Хилтон Скопје, на шести февруари, 2026 година, се одржа јавна презентација на тема „Можности за инвестирање во Дубаи“, на која беа претставени актуелните услови и потенцијали за странски инвеститори заинтересирани за пазарот во Обединетите Арапски Емирати.


Презентацијата беше предводена од Идриз Демирхан, експерт со долгогодишно искуство во областа на инвестиции и меѓународен бизнис, кој ги презентираше тековните инвестициски можности во Дубаи, процедурите за влез на странски инвеститори, како и трендовите на пазарот на недвижности и деловните активности.


На настанот беа присутни инвеститори, претприемачи, правници, менаџери и претставници на компании заинтересирани за проширување на своето делување на меѓународните пазари.

Во рамки на настанот беше извршено свечено потпишување на договор за ексклузивна соработка помеѓу Lion Gate, претставувана од Идриз Демирхан, и адвокат Мери Васоска, со што се воспоставува стратешко партнерство насочено кон поддршка и советување на македонски инвеститори при реализација на инвестиции во Дубаи.


Настанот претставува значаен чекор во насока на зајакнување на економската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати, како и создавање нови можности за бизнис-развој и меѓународна соработка.
Иднината припаѓа на оние што размислуваат глобално- со стил, визија и храброст.

Пр објава