Со свечен гала-прием и во присуство на идните станари и соработници, официјално беше отворен автентичниот станбено-деловниот објект MELODY во изведба на ELENA LUKA HOME, кој претставува нова урбана вредност во населбата Железара, во најзелената скопска општина – Гази Баба. На самиот настан, станарите симболично ги презедоа клучевите од своите нови домови, означувајќи го почетокот на едно ново, современо и инспиративно поглавје во нивниот живот.
Главниот човек на овој величенствен објект е Г-ѓа Елена Лука, сопственик и кративен директор на ELENA LUKA групацијата. Таа го направи брендот ELENA LUKA HOME да биде препознатлив како знак за квалитет и го позиционира на самиот врв во македонското градежништво.
FASHIONEL беше на лице место и се увери во урбаната, посебна и уникатана мелодија на MELODY. Еве што ни изјави жената која ги спојува и модата и архитектурата и визијата за убавото и квалитетното:
„Ова претставува огромен и исклучителен настан за мене лично и за тимот на ELENA LUKA HOME. MELODY, како што и самите видовте, е посебен архитектонски комплексен објект, многу разигран во својата архитектура. Токму од таму дојде и името MELODY – тоа беше мојата инспирација и сметам дека целосно го заслужува. Едноставно, објектот е новиот звук на градот.
Градежништвото, проектирањето и изведбата се специфични и сериозни процеси, а со сè што изведовме беше исклучително тешко да се постигне ваква естетика, особено ако се има предвид дека функцијата на ELENA LUKA HOME е веќе добро позната. Со години работиме со нашите апартмани, клиентите се презадоволни, а дел од нив веќе се на листи на чекање за нашиот следен објект. Тие препознаваат дека како жена лидер и сопственик на овој бренд внесувам особено внимание во деталите и во функцијата.
Размислувам за семејствата, за жените, за домувањето, за постарите, за младите брачни парови. Покрај самиот објект, исклучително важна е и инфраструктурата, како и околината што ги нуди сите неопходни урбани содржини за квалитетно домување.
MELODY за мене е исклучителен имот и објект. Исклучително сум горда. Поставен е на специфичен терен, а ние докажавме дека можеме. Меѓу првите сме кои успеаја да ја совладаат тежината на ваквата изведба. Со сето она што го направив заедно со тимот, си поставивме голема градежна лекција и успешно ја совладавме.
Секогаш ми била исклучително важна и местоположбата: проветрувањето, спојот со природата. MELODY природно се вклопи во просторот, исто како и комплексот FUTURA во Кисела Вода, кој е при крај. Објектите мора да бидат здрави за живеење.“
Архитектонското решение на MELODY претставувало вистински предизвик, особено поради специфичниот терен, но токму тој предизвик бил мотивација повеќе за тимот на ELENA LUKA HOME. Со поддршка на своите најдобри архитекти, инженери и визионери, компанијата успеа да создаде несекојдневен објект, кој не само што ги задоволува највисоките стандарди, туку поставува и нови критериуми во современото домување. Како што истакнуваат од компанијата, MELODY бил предизвик и за нив самите – проект што инспирирал, мотивирал и резултирал со архитектура која остава впечаток.
Локацијата на објектот е уште една од неговите големи предности – позициониран во зона со воздушна бања, далеку од градската бучава, а сепак блиску до сè што е неопходно за квалитетно секојдневие. Во непосредна близина се наоѓаат училишта, градинки, маркети, јавен превоз и зелени површини, што MELODY го прави идеален избор за современо семејно домување.
Објектот е изграден со најсовремени материјали и технологии, со посебен акцент на енергетската ефикасност, функционалноста и естетиката. Но, MELODY не е само зграда – тоа е зграда со душа, простор што пулсира со живот, хармонија и чувство на припадност. Не случајно, мотото на проектот е „Новиот звук на градот“ – архитектурата, формите и динамиката на објектот носат своја музичка нота, создавајќи ритам на модерно и квалитетно живеење.
Со реализацијата на MELODY, ELENA LUKA HOME уште еднаш потврди дека е лидер во градежништвото кај нас, компанија која не гради само објекти, туку создава визија, стил и иднина. Воедно, од компанијата најавуваат дека во блиска иднина следуваат и други значајни проекти за станбено домување, кои ќе продолжат да го менуваат ликот на урбаното живеење во Македонија.
MELODY е повеќе од архитектура – тоа е чувство, ритам и нов почеток. Новиот звук на градот веќе се слуша.
Мојата нова адреса е ELENA LUKA HOME
Н.Т





























































