Вака изгледаше кастингот пред Миланската модна недела

Само еден ден пред официјалниот почеток на Миланската модна недела, улиците на Милано изгледаа малку поинаку.

 Долги редици од девојки кои чекаа на својата шанса да се најдат на една од најважните модни писти.

Во едно видео коешто кружи на социјалните мрежи, се гледаат голем број на модели како чекаат во ред во тесна миланска улица, со портфолија и торби, додека се подготвуваат да влезат на кастинг.


Кастингот беше организиран за претстојната SS27 ревија во рамките на Миланската модна недела која стартува денес.

За моделите, ваквите кастинзи се еден од најважните моменти во текот на модната недела. Една кратка презентација, неколку чекори по просторијата и неколку фотографии можат да одлучат кој ќе добие место на пистата.


Конкуренцијата е огромна, само за овогодишната Модна недела во Милано се најавени 61 ревија, покрај 88 презентации и уште 54 други модни настани. Тоа значи голем број ангажмани за модели, но и голем број кандидати кои сакаат да бидат избрани.


Она што е особено интересно во видеото е колку различно изгледа модната индустрија зад сцената. Зад една ревија стојат многу повеќе девојки кои чекале, се пријавиле, се претставиле и се надевале дека токму тие ќе бидат избрани.

Миланската модна недела официјално започнува на 22 септември и трае до 28 септември. Оваа сезона е посветена на колекциите за пролет/лето 2027, а ќе се претстават многу познати имиња како Prada, Fendi, Gucci, Max Mara, Bottega Veneta, Dolce & Gabbana и Giorgio Armani.