Нели Фуртадо привлече големо внимание со своето појавување на црвениот тепих на Juno Awards, каде што се појави во впечатлив фустан со корсет, креација која веднаш стана тема на модните портали.
Креацијата со нагласен струк и структурирана горна линија создаде драматична, но елегантна силуета. Корсетот ја истакна женственоста, додека едноставните аксесоари и суптилниот гламурозен мејкап дозволија фустанот да остане во фокусот.
Сепак дел од коментарите на социјалните мрежи беа за нејзината фигура и фактот дека Нели изгледа поразлично во споредба со почетоците на кариерата. Но, пејачката со својот смел стајлинг покажа дека има навистина голема самодоверба.
Фуртадо во последните години повеќепати зборуваше за прифаќањето на природните промени на телото и за притисокот што го носи јавната сцена.
Таа истакнуваше дека се чувствува послободно и посамоуверено, без да се обидува да ги следи строгите стандарди кои порано доминираа во индустријата. Токму затоа, нејзините модни избори денес често се доживуваат како порака за body-positivity и самоприфаќање.
Со овој впечатлив аутфит Нели покажа дека стилот не зависи од бројки и килограми, туку од став и самодоверба. Нејзиниот изглед успешно комбинира класична елеганција со современа смелост, формула која повторно ја постави во центарот на вниманието.