Мишел Фајфер, холивудска дива, преживеа опасен култ кој веруваше дека човек може да живее без храна и вода. Прочитајте како ја пронајде патеката назад.
Мишел Фајфер денес има 68 години, но тоа што го направи на почетокот на осумдесеттите и понатаму се памети како почеток на голема кариера. Веќе по филмовите „Grease 2“ и „Scarface“ беше јасно дека се појави актерка која нема да биде минлива ѕвезда. Само се чекаше кога ќе дојдат најголемите признанија и тоа не траеше долго.
Неминовен подем
Во период од само неколку години, следуваа номинации за Оскар за филмовите Dangerous Liaisons, The Fabulous Baker Boys и Love Field. Она што особено ја освојуваше публиката беше фактот дека Мишел можеше сè, од нежни љубовни приказни, преку комедии, до мрачни трилери и хорори. Малку актерки можеле да бидат подеднакво убедливи во сите жанрови.
А кога се појави како „Catwoman“ во филмот Batman Returns, буквално ја одушеви и публиката и критиката. Денес таа улога се смета за една од најдобрите во историјата на супер-јуначките филмови.

Мрачен почеток и опасно влијание
Сепак, нејзиниот пат кон славата не беше лесен. Пред да стане позната, додека беше млада и малку наивна девојка која се обидуваше да се снајде во Лос Анџелес, се најде под силно влијание на еден необичен пар.
Тие воделе нешто што личело на духовно движење, но подоцна се покажало дека имало елементи на култ, базиран на идејата на бретаријанизмот или верување дека човек може да живее без храна и вода. Во почетокот сè изгледало во ред, но со текот на времето ја презеле контролата над нејзиниот живот.

Мишел била толку под нивно влијание што им ја давала скоро цела своја заработка, додека истовремено била исцрпена, физички и психички. Подоцна самата призна дека ѝ бил „испран мозокот“ и од страв донесувала одлуки кои денес не може да ги разбере.
„Кога се сетам на тој период, се сеќавам колку ми беше испран мозокот и на што се фатив од страв да не потпаднам под влијанието на славата“, изјавила Фајфер во 1995 година.
Сè започнало кога имала 22 години, а тогаш го запознала Питер Хортон, кој ѝ помогнал да излезе од канџите на бретаријанистичкиот култ. Таа била под нивно огромно влијание, а мистериозниот пар ја лажел и управувал со нејзиниот живот, додека не дошол Хортон.
Човекот кој ја спасил
Спасот дошол кога го запознала Питер Хортон. Тој ѝ помогнал да излезе од тој круг и буквално ја вратил во нормален живот.
Тие двајца се венчале и поминале заедно седум години. Иако бракот на крајот завршил, останале во добри односи, доволно за Хортон да ѝ помогне кога се селела од нивниот заеднички дом.
Во медиумите имало шпекулации дека го изневерила со колега од снимањето, но актерката никогаш не се огласила да потврди или демантира.
Љубови кои не траеле
По разводот, Мишел се обидувала да се пронајде во љубовта. Била во врска со Фишер Стивенс, но ни таму не го пронашла вистинското.
Потоа се појавила приказна која и денес ги интересира јавноста, наводната романса со Џон Малкович. Тие заедно глумеле во филмот Dangerous Liaisons, каде нивните ликови минувале низ страсти, манипулации и предавства.
Она што филмот го прикажувал на некој начин се пресликало и во реалниот живот. Во тоа време, Малкович бил во брак со Глен Хидли, но односот веќе бил нарушен. Се зборувало дека меѓу него и Мишел пламнала страст за време на снимањето, но тие тоа никогаш јавно не го потврдиле.
Кога уметноста и животот се судираат
Малкович подоцна давал изјави кои повеќе звучеле како восхит отколку признание, зборувал колку му било тешко да поверува дека таква жена му посветила внимание.
Интересно е што по тој период, нивните приватни животи брзо се смениле. Малкович се развел, а истата година Мишел го завршила бракот со Хортон, посветувајќи се на кариерата.
И можеби токму поради сè што преживеала, од манипулација и лоши избори до големи љубови и разочарувања, Мишел Фајфер изградала кариера без дамка и статус на жена која успеала да го преживее Холивуд, а да не го изгуби својот идентитет.
Брак кога не го очекуваш
По сите емотивни падови и разочарувања, Фајфер се нашла во период кога решила дека повеќе не треба да ја бара љубовта по секоја цена. Разбрала дека за среќа не ѝ треба маж и дека сама може да изгради живот каков што сака.
Таа борба со тага и празнина ја направила посилна и поодлучна од кога и да било. Донела голема одлука, да стане мајка без чекање на „точниот момент“. Почнала процес на посвојување, подготвена да го одгледува детето сама.
И токму тогаш, кога ги затворила вратите на очекувањата, животот ѝ отворил нови врати.
Са Давид Кели се запознала сосема случајно, во ресторан, во поголемо друштво. Ништо не било на прв поглед, едвај разговарале. Мишел била уверена дека Давид ѝ се допаднал на нејзината сестра, па се обидела да ги спои. Но нивниот заеднички пријател не се откажал од идејата дека токму тие двајца се вистинскиот пар.
Два месеци по започнувањето на врската, Мишел го завршила процесот на посвојување и ја добила ќерката Клаудија. Била пресреќна, но и загрижена како ќе реагира Давид на ваква голема промена во нивната врска.
Години подоцна, отворено зборувала за тој момент:
„Навистина го ставив во ситуација која без сомнение покажува кој е маж, а кој дете. Очигледно, тој беше на висината на задачата.“
Тој ја прифатил и неа и детето и без многу размислување станал дел од нивното мало семејство.
Семејството пред сè
Се венчале во 1993 година, а посебен момент било крштавањето на мала Клаудија токму на нивното венчање. Недолго потоа добиле и син Џон.
Иако можеле да уживаат во гламурот на Лос Анџелес, одбрале поинаков живот, се повлекле на северот на Калифорнија, каде пронашле мир и приватност.
Мишел Фајфер за односот со Давид вели дека не бара големи филозофии. За неа клучни се едноставни работи како почит, разбирање и сличен поглед на животот.
„Обожуваме исти работи, истиот начин на живот“, истакнува, нагласувајќи дека тоа им помогнало да останат блиски низ годините.
Со насмевка додава и она најличното, дека нејзиниот сопруг е „најдуховит човек на светот“, што никогаш не смее да се потценува во бракот.
Тајната на убавината без компликации
Иако важи за една од најубавите жени во Холивуд, Мишел Фајфер тврди дека не постои голема тајна зад нејзиниот изглед.
„Имам одлична генетика. Мојата мајка, моите сестри… Се грижам за себе. Јадам многу здраво. Рано престанав да пушам. Вежбам. Вежбањето е навистина важно, и среќна сум – мислам дека тоа се гледа… Здрава сум“, искрено рече таа.

На крајот, сè се сведува на една работа – движење.
„Мислам дека вежбањето е најдобро за кожа. Најдобро за мозок, најдобро за сè. Ако можете да направите само една работа која ќе ве направи поубави – вежбајте. Потете се… Јас многу се потам. Навистина е добро за мозокот“, порача актерката.
Н.Т
Неминовен
Тајната