Познати се низа моменти во историјата на модата кога судбината на една куќа висела на конец. Но, малку примери се толку драматични и толку инспиративни како повторното раѓање на Шанел во рацете на незаменливиот Лагерфелд.
Она што денес го доживуваме како симбол на вечен луксуз, беспрекорна елеганција и глобално влијание, во раните 80-ти беше бренд на работ на исчезнување.
Од славата на Коко до опасност од заборав
По смртта на Коко Шанел во 1971 година, модната куќа влезе во период на долг и тежок пад. Иако нејзините парфеми, особено легендарниот Chanel No.5, продолжија да се продаваат со ист интензитет, модната линија постепено ја губеше магијата.
Младите генерации ја доживуваа Шанел како стара, конзервативна и премногу „класична“ марка во време кога модата бараше нови форми, смели силуети и поагресивна креативност.
Со секоја следна година, ризикот Шанел да стане само „историски спомен“ беше сè поголем.
1983: Годината кога пристигна визијата што сè промени
Кога Карл Лагерфелд пристигна во Шанел во 1983 година, модната индустрија беше изненадена, но и скептична. Многумина сметаа дека брендот е премногу закоравен за повторно да се роди, дека е „икона без иднина“. Но, Лагерфелд го виде тоа што другите не го гледаа – потенцијал да се врати славата токму преку модерна интерпретација на култните модни елементи на Коко.
Тој го задржа јадрото, твидот, бисерите, камелиите, црно-белата елеганција, но им даде нова енергија, свежина и смелост.

Лагерфелд го модернизира минатото и создаде иднина
Она што го правеше Лагерфелд уникатен, беше неговата способност да го третира наследството на Коко како живо, динамично и релевантно.
Бисерите ги претвори во алка за модерни жени, твидот го трансформираше во урбан, младешки материјал, а малото црно фустанче доби нова силуета за нова генерација.
Под негово водство, ревиите на Шанел стануваат спектакли кои го дефинираат времето, супермаркет на пистата, модна ревија во аеродром, лансирање ракета од Grand Palais, сите со беспрекорна haute couture изведба.
Влијанието беше инстантно, родажбата растеше, јавноста повторно се заљуби во брендот, а Шанел стана култна марка за нови генерации.


Од пропаст до врвот на глобалната мода
Денес Шанел е една од најмоќните приватни модни куќи во светот, со речиси митолошки статус. Брендот не само што е симбол на елеганција, туку и пример за тоа како визијата на еден дизајнер може да спаси цело модно наследство.
Карл Лагерфелд не само што ја оживеа куќата, тој ја претвори во империја која ги надминува границите на модата и станува дел од културното наследство на 20от и 21от век.



Шанел можеше да заврши како избледена легенда но, благодарение на Лагерфелд, таа стана бесмртна. Еден креативен ум го спаси брендот, го модернизираше, го ослободи и му даде блескава иднина.
Од славата на Коко до опасност од заборав
1983: Годината кога пристигна визијата што сè промени