Мода, гламур, неизвесност, победа….Американската Академија за филмски уметности и науки утрово ги додели „Оскарите“ на свеченоста што се одржа во „Долби театарот“ во Лос Анџелес.
Овој настан уште еднаш покажа дека освен филмски, е и моден спектакл кој може да им парира и на најголемите светски модни случувања. Оваа година црвениот тепих беше дефиниран од смели избори, контрасти и беспрекорна елеганција.
Креациите што можевме да ги забележиме дефинитивно ги славеа и класиката и авангардата.
На црвениот тепих уште еднаш можевме да ја видиме импресивната фигура на Деми Мур, која носеше гламурозна сребрена креација на Giorgio Armani Privé која совршено ја истакнуваше нејзината линија и женственост.
Една од позабележителните креации беше онаа на Аријана Гранде која се одлучи за светло розов фустан со корсет и уникатна композиција. Потпишана од Schiaparelli Haute Couture, креацијата на Аријана беше една од најфотографираните и најкоментираните на настанот.
Со својот елегантен изглед дефинитивно се издвои и Селена Гомез која за овој важен настан избра креација на Ralph Lauren, во која можеше да се забележи дека работела својот изглед да го доведе до совршенство.
Во полн сјај на црвениот тепих блесна и Хали Бери во впечатлива креација Christian Siriano, која беше вистинска дефиниција за модерен гламур.
Вечерта покрај модните избори ќе ја паметиме и по актерите кои дома си отидоа со најпосакуваните статуетки во филмската индустрија. Филм на вечерта беше Anora, освојувајќи го Оскарот за Најдобар филм, додека Мајки Медисон ја понесе статуетката за Најдобра актерка. Шон Бејкер триумфираше како Најдобар режисер, а Адриен Броди го освои Оскарот за Најдобар актер. Киеран Калкин и Зои Салдана доминираа во споредните улоги, дополнувајќи го списокот на победници.
Мора да признаеме дека Оскарите 2025 не беа само триумф на кинематографијата, туку и уште еден доказ дека црвениот тепих останува модната писта што поставува нови стандарди во индустријата.
Повеќе фотографии од модните избори на познатите за време на Оскарите се достапни тука: