Петок во фустан и тексас јакна

Последниот работен ден од оваа недела го резервираме за миди фустан со флорален дезен во бледо, розова нијанса.

Ова романтично парче облека го комплетираме со тексас јакна и балетанки во светло, розов тон.

Финишираме со голема сламена чанта и очила за сонце.

Ви посакуваме убав викенд.