
Модата често се движи помеѓу минимализам и ексцентричност, а брендот ELENA LUKA веќе со години успешно ја гради својата препознатлива естетика, женствена, софистицирана и секогаш со доза смела провокација. Како еден од ретките регионални брендови што континуирано инспирира, ELENA LUKA ја поставува силуетата во центарот на вниманието, а корсетите се издвојуваат како еден од нејзините заштитни знаци, симбол на моќ, форма и елеганција.
Новата креација, „Muse Co-Ord“, е вистинска потврда на оваа модна филозофија. Станува збор за комплет кој ја редефинира модерната женственост, внесувајќи романтична нота во современ, динамичен изглед. Во срцето на дизајнот е скулптурираниот, strapless корсет, внимателно конструиран со прецизно поставени делови кои ја обликуваат силуетата и ја нагласуваат фигурата на елегантен, но одлучен начин. Делото е заокружено со рачно изработен цветен акцент на рамото, суптилен, но впечатлив детал што внесува уметничка димензија.
Контрастот и балансот доаѓаат преку широките панталони со флуиден пад и прецизни набори, кои додаваат леснотија и движење. Стегнати во половината, тие создаваат софистицирана линија што истовремено зрачи со самодоверба и лежерна елеганција. Задниот дел, пак, ја открива уште една доза на привлечност, врзувањето со врвки внесува безвременски шарм и суптилна сензуалност.
Она што ја прави оваа креација особено привлечна е нејзината разновидност. „Muse Co-Ord“ може да се носи како комплет за силен, впечатлив изглед, но и да се комбинира поединечно, овозможувајќи бескрајни стилски интерпретации, од дневна софистицираност до вечерна драматика.
Достапен во четири внимателно избрани нијанси, овој модел е создаден за жени кои не се плашат да експериментираат, кои бараат динамика во изгледот и кои знаат дека вистинската елеганција секогаш носи и мала доза провокација. ELENA LUKA уште еднаш покажува дека модата не е само облека, туку нешто повеќе.
Линк до креацијата
Н.Т