Креативниот директор на Гучи ја напушта модната куќа по неполни две години работа на челната позиција.
Заминувањето на Сабато Де Сарно доаѓа како последно во низата шокантни промени во најголемите модни куќи како Диор, Лоеве, Мејсон Марџела.
По неговото заминување Стефано Кантино, извршниот директор на Гучи изрази голема благодарност за страста и лојаноста на Сабато кон брендот.
Италијанскиот дизајнер познат по својот минималистички пристап ја презеде улогата на креативен директор во 2023 од Алесандро Микеле. Де Санто, 42, пред тоа работаше како директор на дизајн во Валентино.
Засега не е познато кој би можел да го наследи Сабато, а од брендот велат дека колекцијата есен/зима 2025 на Миланската модна недела ќе ја престави дизајнерското студио на Гучи.