Се сеќавате на Деми Мур од „Стриптиз“? Денес изгледа вака

Оскаровската актерка ја замени својата препознатлива долга коса со кратка и елегантна фризура

Деми Мур повторно го менува својот изглед.

63-годишната ѕвезда на „The Substance“ се појави со драстично пократка фризура, откако ја замени својата препознатлива долга црна коса со нов изглед на ревијата на Том браун за сезоната пролет/лето 2027, одржана во The Shed во Hudson Yards, Менхетен.


Добитничката на „Златен глобус“ ја задржа својата препознатлива темна боја на косата, но овојпат избра елегантен боб до лицето, со страничен патец, кој совршено ја врамуваше нејзината физиономија.

Новото впечатливо издание доаѓа во период кога Мур во последните неколку месеци експериментира со смели промени на косата.

За време на Миланската модна недела во февруари, таа се појави со драматичен боб во модерен „wet look“ стил на ревијата на Gucci за есен/зима 2026, одржана во Palazzo Delle Scintille.

„Сакав да ѝ дадам на Деми многу смел и модерен изглед за ревијата на креативниот директор на Gucci, Демна“, изјави тогаш познатиот фризер Димитрис Џанетос во соопштение.

Тој објасни дека инспирацијата ја пронашол во силуетите од новата колекција.

„Сметав дека неверојатен краток боб, над рамениците, со оваа многу елегантна, влажна текстура, би бил совршен за да го надополни нејзиниот изглед. Тоа е голема промена за Деми, никогаш досега не сме ја виделе вака! Изгледа многу кул, ненаметливо и модерно. А фризурата дополнително ја истакнува нејзината личност“, додал тој.

Иако напролет повторно се врати на својата препознатлива коса до половината, не помина долго пред Мур повторно да се појави со пократка верзија.

Во мај, актерката позната по „G.I. Jane“ пристигна на премиерата на „La Bola Negra“ на 79. Кански филмски фестивал со кадрава коса до рамениците, односно т.н. curly lob.

Обемната фризура совршено се вклопи со нејзиниот фустан без прерамки, а изгледот го заокружи со впечатлив накит.

Пред експериментите со кратката коса, Мур се врати и во својата ера од „Striptease“, кога повторно ги претстави шишките речиси идентични со оние што ги носеше во еротската комедија од 1996 година.

За овој ретро изглед, таа повторно соработуваше со Џанетос, кој ја креираше фризурата за нејзиниот краток филм на Gucci, „The Tiger“.

„Шишки – тогаш и сега. Ви благодарам, Gucci, што ми дозволивте повторно да ги носам шишките, за првпат по ерата на „Striptease“!“, напиша Мур во октомври 2025 година покрај две фотографии објавени на Instagram.

Очигледно е дека Деми Мур знае дека косата не е само нешто што треба да се стилизира.

„Постои вистинска слобода во тоа да ѝ дозволите на косата едноставно да биде она што е и да ѝ дозволите да ја раскажува вашата приказна. За мене, токму тоа е убавината, да бидете автентични и да ја прифатите личноста што сте“, изјави Мур за PEOPLE во јануари.

Во разговорот, во кој зборувала како глобален амбасадор на луксузниот професионален бренд за нега на коса Kérastase, Мур открила и како со години ја одржува својата препознатлива долга и здрава коса.

„Кога не работам, стилизирањето го сведувам на минимум и користам што помалку топлина. А кога имате долга коса, регенерацијата е неопходна“, рекла таа.

Според Мур, наместо класично кратење, таа преферира таканаречено „dusting“, минимално отстранување на оштетените врвови.

„Сакам да ја зачувам должината, па затоа здравјето на косата ми е поважно од сантиметрите“, објаснила актерката.