Има денови кога гардероберот е полн, а сепак ни се чини дека немаме што да облечеме.
Токму тогаш најмногу помагаат неколку едноставни комбинации што не бараат многу размислување.
Еве неколку идеи што можете да ги приспособите на парчињата што веќе ги имате.
Фармерки + бела кошула + блејзер
Ако не знаете што да облечете, започнете од фармерките и белата кошула. Додадете блејзер и комбинацијата веднаш добива посреден изглед.Ова е една од комбинациите што лесно функционира и за работа и за кафе или ручек.
Црни панталони + светол џемпер
Кога сакате нешто едноставно, удобно и уредно, широки или класични црни панталони со крем, беж или бел џемпер се одлична основа.Не ви требаат многу детали кога силуетата е добро избалансирана.
Фустан + чизми
Миди фустанот е едно од најлесните решенија за деновите кога немате желба да комбинирате повеќе парчиња. Едно парче, а стајлингот е веќе завршен.
Темни фармерки + маица со риги + мантил
Ригите се одличен начин да внесете малку разиграност во едноставна комбинација, без да користите впечатливи бои или многу аксесоари. Мокасини или ниски чизми ќе ја задржат комбинацијата практична за цел ден.
Широки панталони + тенок џемпер
Широките панталони можат да изгледаат многу елегантно кога се комбинирани со поедноставен, потенок горен дел.Ако сакате визуелно издолжена силуета, обидете се горниот дел да биде во слична нијанса со панталоните.
Една боја од глава до пети

Кога навистина немате инспирација, одберете една боја и градете ја комбинацијата околу неа. За да не изгледа комбинацијата рамно, играјте со различни текстури, плетиво, волна, кожа, велур.
← Претходен