Во боите на есента

Есента има своја палета, топла, длабока и софистицирана.

Од карамел и чоколадно кафеава, преку бордо и маслинесто зелена, до крем, беж и темно жолта токму овие нијанси се идеални за создавање стајлинзи што изгледаат богато, но не и претерано.

Најубавото е што не мора целата гардероба да ја менувате. Понекогаш е доволно еден капут, џемпер или чанта во вистинската боја за комбинацијата веднаш да добие есенски карактер.

Карамел + крем

Карамел нијансата е една од оние бои што веднаш изгледаат топло и елегантно. Одлично функционира со крем и беж, особено во комбинација со плетива и велур.


Чоколадно кафеава + бордо

Длабоката кафеава и бордото создаваат богата, есенска комбинација која изгледа особено добро со кожени и велурени детали.


Маслинесто зелена + беж

Маслинесто зелената е одлична алтернатива за црната или темносивата боја. Таа е доволно впечатлива за да ја разубави комбинацијата, но сепак лесно се носи.


Темножолта + темносина

Темножолтата нијанса внесува малку боја во есенската гардероба, а темносината создава убав контраст без комбинацијата да стане премногу впечатлива.


Беж + чоколадно кафеава

Ова е комбинација за сите што сакаат ненаметлива елеганција. Различните тонови на кафеава и беж создаваат таканаречен тон-на-тон изглед, кој изгледа особено убаво кога се комбинираат различни текстури.


Теракота + крем

Теракотата носи топлина и потсетува на есенските лисја, но во комбинација со крем изгледа многу пософистицирано.


Есента не бара гардеробата да биде темна. Напротив, токму топлите нијанси можат да направат секојдневниот стајлинг да изгледа побогато, помодерно и поинтересно.