Бојата е еден од првите детали што ги забележуваме кај некого, уште пред да ги погледнеме кројот, материјалот или модните додатоци.
Начинот на кој ги избираме боите често кажува нешто за нашиот стил, дали сакаме класика, да бидеме забележани или едноставно се чувствуваме најдобро во неутрални тонови.
Црна - сигурна, елегантна и безвременска
Ако црната боја е најчестиот избор во вашата гардероба, веројатно најмногу ја цените едноставноста и сигурниот стил. Црната лесно се комбинира, изгледа софистицирано и не бара многу дополнителни детали. Малку црно, добро скроен капут или црни панталони можат да изгледаат одлично без оглед на сезоната.
Бела - чиста, свежа и минималистичка
Белата најчесто ја избираат оние кои сакаат чист и ненатрупан изглед. Бела кошула, бел џемпер или едноставен бел капут веднаш оставаат впечаток на уредност. Особено убаво изгледа кога се комбинира со беж, сива, темносина или црна.

Беж - ненаметлива елеганција
Беж, крем и песочните нијанси се омилени кај жените кои сакаат софистициран, но ненаметлив изглед. Овие бои не привлекуваат внимание на прв поглед, но токму затоа можат да изгледаат многу луксузно кога се комбинирани со добар крој и квалитетни материјали.
Црвена – самодоверба и впечатлив стил
Црвената ретко се носи случајно. Дури и кога е присутна само преку чанта, чевли или кармин, таа веднаш го менува впечатокот на целата комбинација. Ако често посегнувате по црвена облека, веројатно не се плашите од малку повеќе внимание и сакате вашиот стил да има карактер.
Сина - смиреност со доза на класика
Темносината е една од најлесните алтернативи на црната, особено ако сакате класичен изглед, но со малку повеќе боја. Посветлите нијанси на сина, пак, внесуваат свежина во комбинацијата. Добро се вклопуваат со бела, сива, беж и тексас.
Зелена - природна, модерна и малку поинаква
Зелената може да биде многу суптилна или впечатлива, зависно од нијансата. Маслинестата и темнозелената делуваат софистицирано и лесно се носат во есенските комбинации, додека посветлите зелени нијанси внесуваат свежина. Ова е добар избор за оние кои сакаат да излезат од класичната црна, бела и беж палета.
Сива - модерен минимализам
Сивата не мора да биде здодевна. Од светлосива до графитна, таа е одлична основа за модерни есенски комбинации. Жените кои често ја носат можеби едноставно сакаат практични, мирни и лесно комбинирани парчиња, но со правилни детали сивата може да изгледа многу современо.
Кафена - топлина и префинетост
Кафените тонови повторно се меѓу најубавите избори за есен. Чоколадна, карамел или топла кафеава, овие нијанси создаваат впечаток на топол и префинет стил. Особено убаво изгледаат во комбинација со крем, беж, бордо и темносина.