Солидарност на дело: Млади волонтери создадоа веб-страница за донации за повредените во Кочани

Во време на трагедии, хуманоста и солидарноста ја покажуваат својата најголема сила. По страшната несреќа која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, млади волонтери презедоа иницијатива за да им помогнат на повредените, создавајќи веб-страница за донации – „Support Kocani“.

Оваа платформа е резултат на ангажманот на посветени поединци кои веруваат во моќта на заедницата. Волонтерите работат на подобрување на сајтот, имплементирање на сугестии и комуникација со граѓаните за да обезбедат што поголема поддршка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @supportkocani

На страницата се објавени индивидуалните сметки на повредените, со доброволна согласност од нивните родители или блиски, а приватноста на донаторите е целосно заштитена.

Иницијативата „Support Kocani“ е доказ дека добрината и човечноста сè уште постојат. Благодарение на волонтерите и луѓето со големо срце, повредените имаат можност да ја добијат неопходната финансиска поддршка.

Секој кој сака да помогне, може да го направи тоа преку платформата www.supportkocani.com, бидејќи секоја донација значи надеж за подобро утре за сите повредени кои во моментов се наоѓаат на болничко лекување.

Фото: Instagram

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian