Тамара Котевска – дел од кремот на Холивуд

Тамара Котевска е едно од оние имиња што тивко, но сигурно ја испишаа македонската културна историја на светската сцена. Со исклучителна авторска сензибилност и длабока човечност, таа успеа преку филмот да создаде универзални приказни кои допираат далеку надвор од локалниот контекст.

Глобалниот пробив го оствари со документарниот филм „Медена земја“, кој стана светски феномен и влезе во историјата како прв документарец номиниран во две главни категории на Оскарите.

Филмот не беше само кинематографски успех, туку и културен момент што ја отвори темата за одржливост, баланс со природата и човечката одговорност, вредности кои денес се во фокусот и на светската уметничка, но и модна сцена.

По „Медена земја“, Котевска го продолжи својот авторски пат со филмотСилјан“, уште една емотивна и визуелно силна приказна која ја потврди нејзината доследност кон интимниот, искрен и ненаметлив филмски израз. Со овој проект таа уште еднаш покажа дека не е авторка на еден момент, туку режисерка со јасна визија и препознатлив стил.

Успехот природно ја однесе и во холивудските кругови. Тамара Котевска беше поканета на затворен ВИП ручек и дискусија за филмот One battle after another со целата екипа: Леонардо Ди Каприо, Бенисио Дел Торо, Тијана Тејлор, Чејс Инфинити, Регина Хал.

Како член на Академијата и гласач, Котевска беше единствениот претставник на документарни филмови меѓу 30-тината избрани и поканети холивудски гласачи таму. Филмот, којштое дел на Пол Томас Андерсон, годинава е во трката за оскари и има најмногу номинации за Златен Глобус.

Меѓу другите ѕвезди кои стоеле рамо до рамо со Тамара се Бен Стилер, Амал Клуни, Квентин Тарантино.

И покрај гламурот што ја опкружува, Котевска останува доследна на својата естетика, ненаметлива, минималистичка и исклучително автентична. Нејзиното присуство на светската сцена е пример дека вистинскиот стил не се мери со раскош, туку со став, визија и искреност.

За потсетување The Tale of Silyan се закити со две награди Најдобар документарен филм (Best Feature Documentary) и Најдобра камера (Best Cinematography) и е сериозен кандидат за Оскар.