Модната дизајнерка Вера Ванг уште еднаш ги воодушеви своите фанови со младешки изглед. Овој пат тоа беше на црвениот тепих за време на BAFTA наградите.
Иако е длабоко навлезена во осмата деценија таа постојано импресионира со својата појава.
За оваа свечена прилика Вера облече сопствена креација – бело здолниште со црн топ ставајќи акцент на стомачните мускули.
Макси здолништето со интересен црн детаљ во горниот дел го дополни со црна кожна јакна.
Дизајнерката, 75, ја смени и фризурата во црн класичен боб, што одлично и прилегаше на лицето.
За тоа како го одржува својот младешки изглед Вера има изјавено дека преферира минималистички пристап.
Нејзината кожа ја одржува на едноставен начин – сапун и тоник за чистење.
Како и да е мораме да се согласиме дека оваа дама изгледа неверојатно и одлично им пркоси на своите години.
Фото: Instagram