Во каков луксуз живее Леонардо Ди Каприо

Леонардо Ди Каприо, еден од најпознатите холивудски актери, не само што плени со својата актерска кариера, туку и со имотите кои ги поседува. Неговите домови во Лос Фелиз и Малибу се вистински пример за луксузен живот и елегантен дизајн.

Вилата во Лос Фелиз, Лос Анџелес

Оваа вила е изградена во стилот на класичната шпанска, колонијална архитектура. Се одликува со бел фасаден ѕид со црвени покривни плочки и зелени детали, стилски карактеристики што ја прават куќата препознатлива и елегантна.

Внатрешноста на домот е спој на класичен и еклектичен дизајн. Вилата асполага со богато уредена дневна соба со големи прозорци, оригинални дрвени детали, декоративни скали и квалитетни материјали во комбинација на модерни и класични елементи, што создава гламурозен, но топол простор за живеење.

Домот има четири спални, шест бањи, градина, тераси и студио за медитација/јога, а сите простории се отворени кон убаво уредена надворешна средина со фонтани и зеленило.

Домот во Малибу, Калифорнија

Лео има и луксузен дом во Малибу, со директен поглед на Тихиот Океан и панорамски сцени од плажата. Еден од највпечатливите детали е спојот на внатрешниот и надворешниот простор: големи отвори кон палубата и градината создаваат чувство на слобода и континуитет со природата.

На терасата има место за релаксација, џакузи и панорамски погледи, што ја прави куќата идеална за летни денови и морски уживања.

Дневната соба е централно место за опуштање и забави, со големи софи и лежалки поставени така што гостите можат да уживаат во погледот на океанот. Кујната и трпезаријата се интегрирани со дневниот простор и овозможуваат лесен пристап кон терасата и надворешниот простор.