Zara ја отвори својата прва слаткарница, а за локација го одбра Лисабон

Кога ќе се спојат модната и гастрономската сцена резултатот ретко разочарува. Токму такво нешто направи Zara отворајќи ја својата прва слаткарница во светот. Како локација брендот го одбра сончевиот Лисабон, каде што од неодамна се...

Кога ќе се спојат модната и гастрономската сцена резултатот ретко разочарува.

Токму такво нешто направи Zara отворајќи ја својата прва слаткарница во светот.

Како локација брендот го одбра сончевиот Лисабон, каде што од неодамна се наоѓа и втората по големина Zara продавница.

За оние кои не знаат најголемата се наоѓа во Ротердам, Холандија, а брендот поседува и кафуле за чијашто локација лани беше одбран Дубаи.

Фокусот на слаткарницата во Лисабон е португалскиот специјалитет наречен pasteis de nata, но има и други видови на колачи, а се служи и кафе.

Овие слатки задоволства имаат долга традиција во Португалија, а се одликуваат со крцкава кора, во која се наоѓа сладок крем од жолчки и цимет.

Па, доколку патот во однесе во Лисабон, освен со шопинг можете да се почестите и со десерт од првата слаткарницата на брендот.

Фото: Instagram